Според информациите од блиски извори до кои дојде весникот се шпекулира дека на чело на МЕПСО ќе застане Муса Џафери или неговиот син Арјанит Џафери, додека со Агенцијата за електронски комуникации се шпекулира дека ќе раководи Газменд Ајдини.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 септември, 2020 14:35

Лајм открива: Ова се имињата кои се очекува да ги заземат директорските места од редовите на ДУИ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Дуи според резултатите од преговорите за Влада, има договорено и неколку важни директорски функции објави Лајм.мк

Според информациите од блиски извори до кои дојде весникот се шпекулира дека на чело на МЕПСО ќе застане Муса Џафери или неговиот син Арјанит Џафери, додека со Агенцијата за електронски комуникации се шпекулира дека ќе раководи Газменд Ајдини.

Поранешниот министер за економија Беким Незири се шпекулира дека е избран за шеф на Навигација во Македонија, додека Садула Дураку би можел да ја заземе позицијата на  Назим Буши, односно да биде член во управниот одбор на Македонски Телеком.

Јавното претпријатие за државни патишта се шпекулира дека ќе премине во рацете на Ејуп Рустеми, сегашниот директор на Македонска пошта.

Што се однесува до објавените функции што се очекува да ги заземе ДУИ, ниту едно од споменатите имиња не е официјално потврдено.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.