Весникот Лајм се обиде да го контактира раководстворо на ДУИ од каде засега нема некаква реакција во врска со назначувањето на Мусли како директор на Агенцијата за разузнавање.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 мај, 2019 19:58

Лајм: Само десет дена по преземањето на функцијата Пендаровски му удри „шлаканица“ на ДУИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако новиот претседател на државата Стево Пендаровски, го назначи за директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, од ДУИ реагираа дека смао по десет дена претседателот им “удри шлаканица”.

Во 2011 година, тој веќе бил еден од кандидатите на претседателот на државата, Ѓорге Иванов за директор на Агенцијата за разузнавање. Тој е непартиски кадар а досега ја вршеше функцијата помoшник во Агенцијата за разузнавање.

Партиски извори од ДУИ, за весникот Лајм потсетуваат дека Муслиу беше споменуван за да го преземе местото на директор и во 2011 година, во периодот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, но тогаш  ДУИ реагираше, оценувајќи го Муслио како несоодветен кадар за директорското место. Но, како што вели изворот за весникот Лајм, сега Иванов веќе не е претседател и очигледно влијанието на ДУИ во претседателството е многу послабо.

Весникот Лајм се обиде да го контактира раководстворо на ДУИ од каде засега нема некаква реакција во врска со назначувањето на Мусли како директор на Агенцијата за разузнавање.

„Високи извори во ДУИ денес за Алсат-М изјавија дека со сите сили ќе се спротивстават на евентуалната намера на претседателот за на чело на Агенцијата за разузнавање да го постави Еролд Муслиу. Според партијата на Ахмети на оваа позиција треба да биде именувана личност која има кредибилитет а не личности како Еролд Муслиу. „Актуелниот директор на Агенцијата за разузнавање има уште две ипол години мандат и нема никаква процедура за негово разрешување и назначување на некое друго лице. Ако евентуално дојде до промена на директорот на Агенцијата, воопшто неможе да стане збор за директор на оваа институција да биде Еролд Муслиу. Таму треба да биде назначен некој со кредибилитет а не некој кој учествувал во фалсификување на досијеа или производство на фалсификувани документи“, стоеше во реакцијата на ДУИ од 2011 година против Еролд Муслиу.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.