Во неколку извадоци од документот има и телефонски разговор помеѓу Захир Беќири, викан Чауш, кој го советува Заев да исконтактира со екс-командантот на УЧК, Изаир Самиу Баци, кој живее во Тетово. Според Беќири Чауш, паравоениот командант можел на СДСМ да му донесе 5.000 гласови.

Објавил: Весна Петровска | 28 јануари, 2020 8:11

Ла Верита открива кој командант на УЧК кој му испазарил 5.000 гласа на Заев

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Документите што се однесуваат на снимените разговори помеѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите соработници, поднесени во овинителството во Скопје, укажуваат на сенката на екс-паравојниците од УЧК кои исто стојат зад евентуалната купопродажба на гласови за која македонските обвинители започнаа со истраги во 2014та година.

Во неколку извадоци од документот има и телефонски разговор помеѓу Захир Беќири, викан Чауш, кој го советува Заев да исконтактира со екс-командантот на УЧК, Изаир Самиу Баци, кој живее во Тетово. Според Беќири Чауш, паравоениот командант можел на СДСМ да му донесе 5.000 гласови. Чауш има директен пристап до шефот на СДСМ, бидејќи во тоа време се сметал за еден од неговите најблиски соработници во сферата на безбедноста. Неговото влијание почнува да опаѓа кога за време на претрес во 2016та година, полицијата наоѓа кај него дома околу 30.000 лажни документи меѓу кои пасоши и лични карти.
Според тоа што стои во документите, Беќири го информирал Заев дека Изаир Самиу Баци може да му биде од помош, и подвлекол дека неговото присуство може да му овозможи придобивање на дел од албанските гласачи во однос на лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, коишто ќе се уплашеле од командантот Баци.

Командантот на УЧК бил дел од албанскиот бунт во 2001г. во Македонија и од страна на американската администрација е сметан за еден од најопасните луѓе на Балканот. Тој долго време се наоѓал на Американската Црна Листа, содржана во National Emergency Act. Листа составена од луѓе кои претставуваат опасност за стабилноста на Западен Балкан со тоа што поддржуваат екстремистички движења.

Евентуалното барање политичка помош на екс-премиерот од луѓе обвинети за тероризам би требало сега да предизвика продлабочување на истрагата од страна на надлежните институции. Во меѓувреме Зоран Заев реагираше на нашите објавувања подвлекувајќи дека претходната влада на Никола Груевски, доколку истрагите утврделе незаконитости, веднаш ќе го искористела тоа. Со неговата изјава тој сам себе се побива бидејќи дури не се ни обидува да прикаже дека во Македонија има поделба на властите, помеѓу судската и политичката, а токму на заткулисниот паралелен договор помеѓу Груевски и Заев се потпира македонската политичка шаховска табла, со нејзината константна нестабилност.

Никола Груевски уште во 2014г. почна да добива бројни сигнали од меѓународната заедница дека не е посакуван како премиер во иднина, додека пак Заев отпочнуваше да се фали поради поддршката од Европската Унија и од САД и Обама. Додека Заев знаеше дека за неговото доаѓање на власт ќе добие се што е доволно од европските сојузници, со цел да ги смени Уставот и Името, Груевски за да си го гарантира спасот почнува со собирање информации со потенцијал да му наштетат на противникот.

Видеото од 2015г. достапно на интернет, од средбата кадешто Заев го информира Груевски дека има компромитирачки материјали докажува дека Груевски многу добро се подготвил за евентуалната уцена.
Неговото бегство, непопречено од ниту една институција, со коешто го остави македонскиот народ осамен против уцените и притисоците коишто ги објавивме минатото лето, е само епилог на една типична размена на услуги коишто доколку се сака да се избегнат државата мора итно да воспостави функционален и независен правен систем. Прв и витален услов за иднината на државата во Европа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.