Тие јавно го прашуваат градоначалникот Беџети дали се точни информациите дека негови блиски лица градат на незаконски начин во Матка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 март, 2019 23:46

Левица : „Блиски луѓе на ДУИ и Беџети, се тие што незаконски градат на Матка„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Политичката партија Левица во своето соопштение за јавноста напиша дека, институционалниот молк за дивоградбите во заштитеното подрачје Матка уште еднаш потврди дека функционерите на ДУИ единствено работат за своите криминални цели, на штета на јавното добро и интересите на сите граѓани.

Политичката партија левица се огласи по повод дивоградбите на Матка.

Во своето соопштение за јавноста напишаа дека во нивната партија пристигнале информации дека поединците кои нелегално градат на Матка, се лица блиски до градоначалникот Блерим Беџети и владејачката ДУИ.

Тие јавно го прашуваат градоначалникот Беџети дали се точни информациите дека негови блиски лица градат на незаконски начин во Матка. Наведуваат дека континуирано се штитат блиските луѓе, а во тој контекст обичниот граѓанин е понижен. 

Левица e македонска политичка партија со левичарска ориентација. Основните заложби ѝ се борбата за работнички права и социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето и против меѓу етничките бариери и национализмот. 

Ви го пренесуваме во целост нивното соопштение за јавноста :

Директорот на Државниот градежен инспекторат Локман Љимани, сѐ уште одбива да се обрати до јавноста, откако оваа институција се прогласи ненадлежна за градењето на Матка, иако членот 145 и 149 од Законот за градење предвидува, во случај на непостапување на општината, Државниот градежен инспекторат да ги презема сите надлежности.

Оваа владејачка коалиција повеќе пати се стави во заштита на интересот за профит на поединци, преку најавите за легализација на дивоизградени објекти во заштитени подрачја, за што сведочи и изјавата на премиерот Зоран Заев за легализација на хотелот во Лагадин кој прекршува дури дванаесет закони. Противправното градење на бизнисмените блиски до функционерите на власт, континуирано се штити и легализира, со што истите директно се ставаат во привилегирана положба во однос на обичниот граѓанин, кој секојдневно ги подмирува своите законски обврски и давачки кон државата.

Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети после три недели медиумски притисок потврди дека постојат дивоградби во заштитеното подрачје Матка, меѓутоа без не даде никаква најава за санкционирање на градежното дивеење и уништувањето на природата кое со години е толерирано од страна на власта.

До нашата партија пристигнаа информации дека поединците кои нелегално градат на Матка се лица блиски до градоначалникот Блерим Беџети и владејачката ДУИ, поради што уживаат посебна заштита на недопирливост, со оглед на фактот дека 39 институции кои се надлежни за заштитата на кањонот Матка, не презедоа никакви механизми за откривање на локалните моќници кои го уништуваат автентичниот изглед на ова заштитено подрачје.

Јавно го прашуваме градоначалникот Беџети, дали се точни информациите дека негови блиски лица незаконски градат во Матка и дали најавите за легализација претставуваат уште еден обид да се заштитат поединци блиски до ДУИ?

Истовремено бараме сите надлежни органи да постапат координирано во рамките на своите законски надлежности, користејќи ги сите механизми кои им стојат на располагање, за да се спречи незаконското градежно дивеење и уништувањето на едно од нашите најстари природни богатства.

Фирма со име „Boat tipe Kenan“ која изнајмува чамци за туристичка прошетка по канонот Матка поставува метални конструкции и дрвени куќарки во канонот без одобрение за градба, тврдат посетители,пренесе порталот #Дома.
Дивопоставената метална платформа на Матка веќе е покриена со дрвени штици, а фирмата најавува дека налето ќе има кафуле.

Противправното градење на бизнисмените блиски до функционерите на власт, континуирано се штити и легализира, со што истите директно се ставаат во привилегирана положба во однос на обичниот граѓанин, кој секојдневно ги подмирува своите законски обврски и давачки кон државата.

Оваа владејачка коалиција повеќе пати се стави во заштита на интересот за профит на поединци, преку најавите за легализација на дивоизградени објекти во заштитени подрачја, за што сведочи и изјавата на премиерот Зоран Заев за легализација на хотелот во Лагадин кој прекршува дури дванаесет закони.

Ваквите штетни бизнис-ориентирани политики на најголемите владејачки партии, директно го поттикнуваат непоправливото уништување на националните природни богатства, поради што најбескруполозно се загрозува основното човеково право на здрава животна средина, заради интересите на политичките и економските елити.

Скопје Политичка партија Левица

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.