Потребно е градоначалникот Константин Георгиески да “собере храброст” и да си ја врши работата за која е избран и да ги почитува правниот поредок на Република Македонија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 март, 2020 21:22

ЛЕВИЦА: Градоначалникот на Охрид да собере храброст да ја врши работата за која е избран!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Несреќната изјава на градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески, дадена вчера во емисијата “Стадион” на “Канал 77” рече дека “ако утрe проба да ги руши дивоградбите во Охрид можеби некој ќе го убие”, нај пластично ја илустрира импотентноста и немоќта на владејачката партија пред урбаната мафија предводена од нивниот коалиционен партнер ДУИ.

Политичката партија Левица во својата реакција до јавноста вели дека узурпацијата на Охридското крајбрежје продолжува само на неколку метри од спорниот објект на советникот Нефи Усеини забрзано да гради нов цврст објект, во време кога беснее епидемија со корона вирусот.

Партијата изразува револт и до градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески, кој вчера во емисијата “Стадион” на “Канал 77” рече дека “ако утрe проба да ги руши дивоградбите во Охрид можеби некој ќе го убие”, нај пластично ја илустрира импотентноста и немоќта на владејачката партија пред урбаната мафија предводена од нивниот коалиционен партнер ДУИ.

Ви ја пренесуваме во целост реакцијата до јавноста од партијата Левица.

Во сред пандемија, кога се соочуваме со можеби најголемата криза во последните 30 години од Бихаќка уште сега сигнализираат дека статусот на Охрид во УНЕСКО е спремен да се жртвува на олтарот на голата желба за власт и профит интересите на нивниот коалиционен партнер – ДУИ.

Имено, узурпацијата на Охридското крајбрежје продолжува и сега, при што пред неколку дена објавивме дека само на неколку метри од спорниот објект на советникот Нефи Усеини забрзано се гради нов цврст објект, во време кога беснее епидемија.

Потребно е градоначалникот Константин Георгиески да “собере храброст” и да си ја врши работата за која е избран и да ги почитува правниот поредок на Република Македонија.

Потребно е градоначалникот Константин Георгиески да “собере храброст” и да си ја врши работата за која е избран и да ги почитува правниот поредок на Република Македонија.

Ако се чувствува неспособен да си ја извршува функцијата, тогаш не ни требало ни да се кандидира на избори и веднаш после завршувањето на кризата треба да си поднесе оставка.

Ваквото терање политика “се по старо” и одржување на статус-квото, покрај тоа што веќе е непожелно кај народот, истото и прави дополнителен товар за Охриѓани.

Заедно ќе ја пребродиме кризата со корона вирусот Ковид-19 и заедно ќе ја пребродиме и кризата СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ која ја тресе Македонија последните три децении, се вели во реакцијата до јавноста од партијата Левица.

Реакција на ЛО Левица-Охрид
Скопје, 29.03.2020

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика