Пред референдумскиот молк и историскиот референдум за промена на името и негирање во постоењето на Македонската нација, партијата Левица со "внатрешна реогранизација"

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 септември, 2018 14:33

“Левица” пред распад?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Група основачи на политичката партија Левица поднесoa кривична пријава против актуелното раководство.

Обвинуваат дека фалсификувале документи и ја злоупотребиле својата позиција во партијата, со што оневозможиле демократска промена и делување на членовите на партијата.

Тврдат дека, раководството фалсификувале и подоцна вметнале  документ во регистарската документација без знаење на пленумот, со што го прекршиле статутот, сите правни акти на партијата како и законите на државата.

Пријавата е поднесена од деветмина основачи на Президиумот и Централниот комитет на партијата.

Минатата година на овие лица им беше замрзнато членството во партијата, поради непочитување на статутот, откако држеа прес конференции, незадоволни од одлуката, Левица да настапи самостојно на изборите, а не во коалиција со СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика