Состојбата на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“, е стабилна и денеска треба да биде пуштена од болничко лекување и вратена во затворот „Скопје“.

Објавил: Весна Петровска | 14 октомври, 2019 14:42

ЛЕКАРИТЕ И ДАДОА ОТПУСНА НА ЈАНЕВА -Катица се враќа зад решетки

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Здравствената состојба на екс специјалната обвинителка Катица Јанева е подобрена и во текот на денот ќе биде повторно вратена во затворот во Шутка. Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска пред новинарите денеска ја соопшти нејзината моментална здравствена состојба.

Состојбата на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“, е стабилна и денеска треба да биде пуштена од болничко лекување и вратена во затворот „Скопје“.

– Состојбата на Јанева е стабилизирана и препишана и е терапија. Денеска очекуваме да биде пуштена од болничко лекување и вратена во притвор, изјави нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.

Одбраната, рече таа, се уште го чека одговорот по поднесената жалба за замена на мерката притвор со куќен притвор.

– Се уште немаме одговор на жалбата. Денеска го примивме обвинителниот акт и имаме рок од осум дена за приговор, изјави Фрчкоска.

Поради висок притисок и општа анксиозност Јанева минатата недела беше пренесена на клиниката „Жан Митрев“ на интернистичко кардиолошки преглед.

Пред една недела и на првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски му се слоши во судот каде требаше за прв пат да даде изјава пред обвинителката Вилма Русковска. Тој во судот се пожалил дека не се чуствува добро и во тоалетот му се слошило, па веднаш беше повикана Брата помош, лекарите веднаш пристигнаа во судот и со носилки го однесоа Бојан во болница. Неговиот адвокат Сашо Дуковски изјави дека атмосферата била многу непријатна за гледање. 

Тој како негов адвокат поднесе документација за неговата здравтвена состојба за прекинување на притворот во Шутка, но за жал обвинителството не ја прифати истата.

Случајот „Рекет“ достигна големи размери и истрагата стигна и до хуманитарната организација Меѓународен сојуз, чиј потпретседател е Јасна Мандиќ која обвинителството и додели куќен притвор, исто во случајот Рекет Фросина Ременски е илволвирана,  но обвинителството кон неа превзеде само претпазливи мерки т.е одземање на нејзиниот пасош. Допрва обвинителството ќе ја истражува улогата на пратениичката Фросина Ременски.

Заев својата сопартијка ја исклучи од сите ангажмани во СДСМ, додека трае истрагата и доколку се утврди нејзината невиност премиерот изјави дека Ременска повторно ќе ги обавува своите ангажмани во партијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.