петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



За првпат заболените од спинална мускулна атрофија во земјава го добија лекот „Спинраза“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 ноември, 2019 10:37

Лекот „Спинраза“ конечно во рацете на малиот херој Јане

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако цели две години малиот Јане Велковски, кој има само 11 години а веќе во Македонија е прогласен за херој вчера конечно му се исполни најголемата желба.

За првпат заболените од спинална мускулна атрофија во земјава го добија лекот „Спинраза“.

Јане Велковски стана симбол на борбата на пациентите со оваа болест вчера го доби лекот кој се корсити за третман на децата и на возрасните пациенти кои боледуваат од оваа ретка болест .

Велковски е голем навивач на македонската фудбалска репрезентација, неговиот сон е да игра фудбал, се надеваме дека ќе му се исполни.

Селекторот Игор Ангеловски посвети  порака токму до него.

Малиот Јане за првпат го добива лекот Спинраза. Тој e нашиот иден фудбалер и амбасадор. Вчера, за првпат во нашата држава беше даден лекот кај десетмесечно бебе и тоа се чувствува добро. Лекот за сите 7 пациенти со спинална мускулна атрофија е обезбеден. Им го подобруваме квалитетот на живот на нашите најмали.

Веста за добивање на лекот на својот официјален Фејсбук профил ја објави и  министерот за здравство Венко Филипче.

„Малиот Јане за првпат го добива лекот Спинраза. Тој e нашиот иден фудбалер и амбасадор. Вчера, за првпат во нашата држава беше даден лекот кај десетмесечното бебе и тоа се чувствува добро. Лекот за сите 7 пациенти со спинална мускулна атрофија е обезбеден. Им го подобруваме квалитетот на живот на нашите најмали.“ – напиша министерот покрај фотографијата, на која позира заедно со Јане.

Во земјава се регистрирани 7 пациенти до 18 години со СМА тип 2 и 3.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.