Дали сте знаеле за ваквиот лек?

Објавил: admin@magazin | 19 јули, 2018 9:43

Лек против изгореници од сонце кој се наоѓа во вашиот фрижидер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се повеќе луѓе чувствуваат болни ефекти настанати од сонцето. Истото се случува и за време на летните одмори, кога забораваме да си ја заштитиме кожата од сонцето и добиваме изгореници, кои подоцна започнуваат да се лупат.

Речиси секој има искуство со поцрвенета кожа од сонцето и знае дека наскоро следува остра болка, но за среќа Вашиот лек се наоѓа во фрижидерот. Ладното млеко е најдобриот одговор на болката од изгореници, според дерматологот од Њујорк, Џошуа Зајхнер.

Оштетувањето на кожата предизвикано од УВ зраците го зголемува ризикот од карцином на кожата, поради тоа е важно да нанесувате кремови за сончање пред да излезете на сонце. Исто така е важно доколку поминувате повеќе време на сонце, нанесувајте крем повеќе пати.

Во екстремни случаеви доколку Вашата кожа изгори на сонце, можат да се појават пликови, после кои кожата се лупи. Во тие случаеви ладното млеко ќе му помогне на кожата да се олади и да зарасне.

“Компресијата на млекото може да помогне да се смири воспалената кожа, бидејќи протеините во млекото ја смируваат кожата”, вели докторот.

Како да го употребувате млекото за да се справите со изгорениците од сонцето?

Сè што треба да направите е да ставете малку млеко во чинија и оставете го во фрижидер за да се олади и ставете ткаенина во чинијата. Кога ткаенината е потопена со млеко и кога и двете се ладни, извадете ја ткаенината и притиснете ја на изгорената кожата. Но, бидете претпазливи да не притискате многу силно, бидејќи можете да го иритирате местото и да предизвикате болка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...