Во спогодбата за престанок на функцијата, Владата ја обврзува Ленче Николовска дека не смее да изнесува, преставува, зборува на јавни настапи негативни информации за Владата и нејзините членови по престанок на функцијата.

Објавил: Весна Петровска | 5 ноември, 2019 14:52

Ленче Николовска си поднесе оставка – си замина од Владата посебната советничка на Заев

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Од Владата си заминува Лиле Николовска советничката на премиерот Зоран Заев за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ленче Николовска си дала оставка од позицијата. Оставката на сила стапила на 1 ноември, потврдија за ,,Лидер” извори од Владата.

Во спогодбата за престанок на функцијата, Владата ја обврзува Ленче Николовска дека не смее да изнесува, преставува, зборува на јавни настапи негативни информации за Владата и нејзините членови по престанок на функцијата.

На истиот датум си отишле и други 17 вработени, меѓу кои имало и лица од повисоките владини структури.

Ленче Николовска, во јавноста позната како новинар,но и како Посебен советник за земјоделство шумарство и водостопанство на премиерот на Македонија.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше обелоденето дека синот на Ленче, Душан Илиевски професионално е ангажиран од страна ан Фондот за иновации и развој. По оваа информација се огласи и Фондот каде е објаснето дека Николовски не е вработен, туку е ангажиран како надворешен соработник со Договор на дело за вршење на привремени работи за потребите на Фондот.

„Договорот е со временски определен рок кој истекува во декември годинава. Николовски, меѓу другото е задолжен за активности поврзани со одржување на веб страната на Фондот и поддршка во реализација на различни настани“, се вели во одговорот на Фондот за иновации на новинарските пршања.

Димче Арсовски, по ова реагираше и бараше образложение од Фондот, според кој критериум и од кога синот на посебната советничка на Заев е ангажиран да работи за Фондот за иновации?

-Како е можно баш децата на функционерите на СДСМ да се најквалитетни и да се вработуваат по институциите? Колкава е висината на платата што ја добива синот на Ленче Николовска за работата што ја работи во Фондот за иновации? Ова не е прв случај во Владата на СДСМ каде што функционерите си ги вработуваат своите деца во државните институции. Ова не е прв случај каде што децата на функционерите од Владата се поспособни од било кој млад човек во нашата држава – реагира Арсовски, кој обвини дека единствен критериум за вработување во СДСМ е да бидеш во блиска или во роднинска врска со некој од функционерите.

Ленче Николовска е дипломиран земјоделски инженер. Била новинар во МТВ и А1 телевизија, уредник на емисијата ФАРМЕР. Пратеник и Претседател на Собраниската комисија за земјоделство шумартсво и водостопанство. Претседател на Агросоветот на СДСМ. Последната функција која што ја извршуваше беше советник во кабинетот на Дополнителниот заменик министер во техничката влада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести