По вчерашната наредба на шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева за претрес на обвинителите при влез и излез од зградата на СЈО, незадоволството меѓу вработените во обвинителството расте.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 август, 2019 21:12

Ленче Ристовска: Со продолжено или панично движење се подлабоко се тоне во живиот песок

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ленче Ристовска, една од специјалните обвинителки во СЈО се огласи на својот Фејсбук профил.Таа не назначи на кого е посветен Фејсбук статусот, само искоментира Интересен феномен.

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење се подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на англиски јазик, обвинителката Ленче Ристовска на својот Фејсбук профил, не назначувајќи дали статусот е посветен некому.

По вчерашната наредба на шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева за претрес на обвинителите при влез и излез од зградата на СЈО, незадоволството меѓу вработените во обвинителството расте.

Обвинителката Фатиме Фетаи бурно реагирала на оваа наредба на Јанева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.