Концертот ќе започне во 20. 30 часот со настапот на домашните пејачи: Нино Величковски, Маргица Антевска, Сандра Милковска, како и гостите од Србија, дувачкиот оркестар на Бојан Ристиќ.

Објавил: Перо Милчин | 10 ноември, 2019 11:20

ЛЕПА БРЕНА ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Вечерва ќе пее на Градскиот плоштад во Куманово!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српската звезда Лепа Брена вечерва ќе одржи концерт на Градскиот плоштад, по повод прославата за 11 Ноември – Денот на ослободувањето и 500 години од постоењето на Куманово.

Вечерашниот концерт ќе започне во 20. 30 часот со настапот на домашните пејачи: Нино Величковски, Маргица Антевска, Сандра Милковска, како и гостите од Србија, дувачкиот оркестар на Бојан Ристиќ.

Веднаш по завршувањето на концертот ќе следи спектакуларен огномет.

Како дел од прославата за празникот, синоќа концерт одржа поп пејачот Џенан Лончаревиќ и групата „Некст тајм“.

Фахрета Јахиќ е родена во Тузла на 20 октомври 1960 година во муслиманско семејство, но пораснала во Брчко. Нејзиниот татко Абид работел како медицински техничар, додека мајка ѝ Ифета била кројачка. Фахрета е нивно трето дете — има брат Фарук и сестра Факета. Живееле скромно, во еднособен стан, но според неа таа имала безгрижно детство и ништо не ѝ фалело.

Фахрета Јахиќ е родена во Тузла на 20 октомври 1960 година во муслиманско семејство, но пораснала во Брчко.

Уште тогаш бил забележан нејзиниот талент за пеење. Таа најпрво застанувала пред грамофонот и слушала, а потоа го собирала семејството и им ги пеела песните што ги научила. Била темпераментно дете, па така во петто одделение по казна морала да пее на натпреварот Мали градители, каде го освоила првото место со песната на Кемал Монтено Свири и пријателу мој. Основно училиште завршила во училиштето Заим Мушановиќ, каде била првенец на генерација. 
Освен за музика, Фахрета била талентирана и за спорт. Била 176 сантиметри висока и тренирала кошарка во локалниот клуб Интерплет, каде нејзиниот тренер Влада Бајер ѝ го дал прекарот Брена.

Набрзо сфатила дека сака да работи со музиката и шоубизнисот. После успехот на Млади градители, Брена ја забележале членовите на бендот Јудекси и ѝ понудиле да пее со нив.

Поминале мал период заедно гостувајќи по игранки и разни настани, а потоа се разделиле. Во 1979 завршила гимназија и се преселила во Белград, каде се запишала на отсекот туризам на Природно-математичкиот факултет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Бесплатен концерт на Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври

Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден...

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...