Констатирани се вкупно 2536 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 620 прекршоци во изминатото деноноќие!

Објавил: Владо Марин | 15 јуни, 2020 13:10

ЛЕТААТ КАЗНИ: Констатирани вкупно 2536 прекршоци за неносење лична заштита на лицето

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерството за внатрешни работи во континуитет презема мерки за контрола на почитување на одлуките на владата поврзани со справување со пандемијата од Ковид 19.

Во таа насока, од страна на полициските службеници во изминатиот викенд:

Констатирани се вкупно 2536 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 620 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 1166 контроли во објекти при што евидентирани се 7 објекти кои не ги почитувале одлуките на владата, од нив 268 контроли се извршени во изминатото деноноќие.

На територијата на целата држава на вкупно 1331 лице им се издадени решенија за изолација, а 365 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се 8 лица кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин се спроведени вкупно 235 лица.

Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...