Како што пишува порталот Лајми.нет покрај Харадинај и неговиот брат Даут Харадинај исто така пукал на прославата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 август, 2019 19:54

ЛЕТААТ КУРШУМИ НАД ГЛАВА: Харадинај пукаше на прослава со калашњиков – испукани над илјада куршуми

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај во месец јуни оваа година е виден на приватна забава во општија Дечани на која пука со огнено оружје.

Порталот Лајми.нет известува дека покрај Харадинај и неговиот брат Даут Харадинај исто така пукал на прославата која се случила на 26 јуни оваа година.

За време на забавата биле испукани над илјада куршуми, пренесува порталот Лајми.нет.

За време на прославата, косовскиот премиер, Рамуш Харадинај ја пееше неговата омилена песна „Косово, убавице…“ Настанот се случил на 26 јуни годинава, во таканаречената „Бјешка е Белас“ во општина Дечани, по повод 20-годишнината од ослободувањето на оваа општина.

-Традицијата за пукање кај Албанците постои откако паметам за себе. Има овде луѓе кои не присуствувале на вакви ситуации. Целосно се согласувам дека тоа не е во склад со законот. Сите знаеме како е за Нова Година или кога има свадби. Се согласувам дека интерелација треба да биде порака и напомена да се постават критериуми за во иднини – рекол Харадинај во приштинското Собрание во 2018 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.