Катерина Ставриќ оставката ја поднела уште пред изборите, поради свои лични причини.

Објавил: admin@magazin | 20 мај, 2019 15:49

ЛЕТААТ ОСТАВКИ ОД ДИРЕКТОРИ: Директорката на Клиниката за детски болести си поднесе оставка!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Професор д-р Катерина Ставриќ директорката на Клиниката за детски болести, си поднесе оставка од функцијата.

Оваа информација за ТВ 24 ја потврди и министерот за здравство, Венко Филипче. Катерина Ставриќ  оставката ја поднела уште пред изборите, поради свои лични причини.

На прашањето кој ќе ја наследи директорката – министерот вели дека Клиниката располага со доста стручен кадар и доколку Ставриќ остане на одлуката да се повлече од функцијата, допрва ќе се одлучува кој ќе ја наследи.

Д-р Катерина Ставриќ, која е и шеф на катедрата по семејна медицина, пред неколку денови изјави дека од 2010 година 340 лекари специјализирале семејна медицина, а 80 биле на доедукација за оваа специјалност. Во примарното здравство сега има околу 1.500 матични лекари.

Докторите по медицина кои ќе ја одберат оваа погодност, ќе треба неколку години да работат како матични лекари, рече Стравриќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.