Путин ја потпиша наредбата за разрешување непосредно откако соработниците на Романов беа уапсени за корупција.

Објавил: Перо Милчин | 10 април, 2020 10:16

ЛЕТААТ ОТКАЗИ: Путин го разреши заменик министерот на полиција кои работеше за борба против корупција!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши заменик министерот за внатрешни работи Александар Романов, кој истовремено е и раководител на одделот за истраги во тоа министерство.

Путин ја потпиша наредбата за разрешување непосредно откако соработниците на Романов беа уапсени за корупција.

Случај против неговите двајца заменици е поведен во врска со информациите добиени од Истражната единица на Министерството за внатрешни работи на 1 април.

Замениците Александар Краковки и Александар Бирјуков беа уапсени на 3 април.
Според истражителите, тие го довеле во заблуда Романов и помогнале да се ослободат бизнисменот Алберт Кудојан, кој е под истрага за измама од 10 милиони долари.
Кудојан е во куќен притвор.

Велигденските празници во Русија како и во многу други европски земји годинава ќе бидат одбележани со општи карантински мерки, во изолација, под строга контрола. Во Италија карантинот ќе се набљудува со беспилотни летала и хеликоптери за да се избегне собирање луѓе за празникот среде пандемијата на вирусот Ковид-19, кој однесе повеќе од 18.000 животи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.