Не можете да ја навредувате Србија затоа што мислите дека сте голема ѕвезда.

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 февруари, 2020 10:40

Летаа перја во Минхен: Вучиќ до Курти- Си се замислил дека си голема ѕвезда, а пола свет не те препозна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што ексклузивно дознава Курир.рс, за време на тркалезната маса за Западен Балкан, што се одржуваше вчера во Минхен, српскиот претседател Александар Вучиќ го замолкнал Албин Курти.

Курти започнал да го критикува договорот за мини Шенгенот и изјавил за „како треба да се ослободи Србија од Косово“ и како тие ќе воведат реципрочни мерки, на кои српскиот претседател одговорил:

– Не можете да ја навредувате Србија затоа што мислите дека сте голема ѕвезда. Вие не ја претставувате земјата. Половина од светот, Обединетите нации не ве препознаа и ако зборуваме за територијата уште повеќе. Ако продолжите да се навредувате, добро е. Ние ќе сториме сè за да го одржиме мирот и стабилноста, вие нема да нè испровоцирате. Со негирање на нашите напори околу „Шенген“, не ве разбирам. Но, ова е голем предизвик за вас, ако мислите дека играте важен човек – му рече Вучиќ на самопрогласениот премиер.

Член на кабинетот на Курти од немнозинските етнички заедници ќе биде Емилија Реџепи која ќе го води ресорот на администрација и локална управа. По положувањето на заклетвата, новиот косовски премиер одржа пригоден говор, во кој порача дека ќе владее транспарентно, врз основа на волјата на граѓаните.

Потоа Вучиќ додаде:

Ако размислите за мерки за реципроцитет, тогаш прочитајте го Бриселскиот договор. Во него се вели дека треба да формирате Заедница на српски општини. Тоа беше ваша единствена обврска и не направивте ништо “, му рече српскиот претседател, по што Курти не изјавил ниту еден збор.

Собранието на Косово на почетокот од месецот го изгласа со мнозинство гласови лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти за нов премиер и го усвои неговиот предлог за состав на новата Влада на Косово.

Предлогот на Курти беше усвоен со 66 гласа „за“, десет „воздржани“ и без ниеден глас „против“ во 120-членото Собрание на Косово. Пред самиот чин на гласање, собраниската сала ја напуштија пратениците на опозициските партии на Албанците, Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската иницијатива, а воздржани беа десетте пратеници на најголемата партија на ксоовските Срби, Српската листа (СЛ).

Идниот кабинет на Курти ќе има 15 министерства и двајца вицепремиери. По шест од министерствата се доделени на ВВ и на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), две ќе ги води Српската листа и едно групата „Г-6“ на другите немнозински етнички заедници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.