Според Грчки Репортер, жителите на Атина уживале во блиските плажи како никогаш да не се случила пандемија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 мај, 2020 16:10

ЛЕТОТО СТИГНА ВО ГРЦИЈА: Плажите преполни, грците го искористија сончевиот викенд!

Фото/Текст извор: ©kalimera news

Грците го искористија убавото време, а првиот викенд по попуштање на мерките за заштита од коронавирус го поминаа на плажите и шеталиштата покрај морето.

Според Грчки Репортер, жителите на Атина уживале во блиските плажи како никогаш да не се случила пандемија.

На некои пооддалечени плажи каде немаше многу луѓе, капачите се придржуваа кон мерките за социјално растојание. Сепак, на оние попопуларните, посетителите беа многу блиску едни до други, игнорирајќи ги препорачаните заштитни мерки.

Илјадници жители на Солун, исто така, не посветуваа многу внимание на препорачаните мерки за безбедност. Тие го поминаа денот на шеталиштето Неа Паралија.

Шеталиштето Неа Паралија беше затворено за време на спроведувањето на рестриктивните мерки, па веднаш по нивното укинување, Солунците отидоа на брегот за да уживаат во сонцето.

Тие исто така не се придржуваа до мерката за социјално дистанцирање бидејќи луѓето беа премногу блиску едни до други.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.