Според Ле Пен излезот на Велика Британија од ЕУ е голем неуспех за Брисел.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 февруари, 2020 11:05

Ле Пен: Излегувањето на Британија од ЕУ е голем неуспех за Брисел

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во изјава за британскиот весник „Експрес“, претседателката на француската десничарка партија Национален фронт, Марин ле Пен, рече дека Британија си ја врати својата слобода.

Ле Пен рече дека  ЕУ требаше да се фокусира на трансформацијата во „ сојуз на нации“.

Според Ле Пен излезот на Велика Британија од ЕУ е голем неуспех за Брисел.

-Велика Британија конечно ја врати својата слобода. Брегзит е застрашувачки неуспех за ЕУ. Велика Британија штотуку и ја лупна вратата пред носот на Европската унија, рече Ле Пен..

Таа рече дека се уште не може Британија да биде сигурна дали ваквата одлука ќе биде исправна, но тоа ќе се види во наредните месеци. Ле Пен рече дека  ЕУ требаше да се фокусира на трансформацијата во „ сојуз на нации“.

-Или ЕУ и натаму ќе удира со главата во ѕид и ќе се занимава со догматизам, а другите земји ќе гласаат да си заминат, или ќе ја прифати одговорноста за своите неуспеси и ќе почне да спроведува длабоки промени. Не треба да се тежнее кон наднационална, технократска и неефикасна унија, туку кон сојуз на нации, рече Ле Пен.

Марин Ле Пен е француска политичарка, водач на партијата Национален собир, кој до 2018 г. го носел името „Национален фронт“.

Работела како адвокатка од 1992 до 1998 години и европратеник од 2004 година.

Во 16 јануари 2011, Марин Ле Пен официјално е избрана за претседателката на тогашниот Национален фронт (67,65% од гласовите).Таа кормилото го презема од својот татко Жан Мари Ле Пен, кој четири децении ја предводеше партијата што самиот ја основа.[3]

Била кандидатката на тогашниот Национален фронт за француските претседателските избори во 2012 и во 2017 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.