Кристерсон, како што е највавено, утре треба да го објави списокот на министри

Објавил: Македонка Димкин | 17 октомври, 2022 13:23

Лидерот на шведската Умерена партија ја доби довербата на парламентот за нов премиер

Фото/Текст извор: ©BLUMBERG

Шведскиот конзервативен лидер, Кристерсон денеска беше избран за нов премиер со 176 гласа „за“ и 173 „против“. Неговите десничари при гласањето беа поддржани од екстремно десничарските Шведски демократи што се случува за прв пат.

Гласањето во шведскиот парламент ја потврди поддршката за Кристерсон од четири партии, меѓу кои се и Шведските демократи.

Екстремно десничарската и антиимигрантски настроена партија, која сега е втора по големина во земјата, нема да биде дел од владиниот кабинет на Кристерсон, но ќе го поддржува во замена за споведување на нејзините политики против криминалот и миграцијата.

Лидерот на шведската Умерена партија, Улф Кристерсон појасни дека тоа ќе биде трипартиска влада составена од умерени, демократи и либерали, што тесно ќе соработува со Шведските демократи. Доколку претседателот на Парламентот денеска даде зелено светло за договорот на Кристерсон, Парламентот веќе в понеделник ќе може да гласа за избор на новата влада

Лидерот на шведската Умерена партија, Улф Кристерсон, во петокот соопшти дека се договорил со демохристијаните и либералите да формираат малцинска коалициска влада, во тесна соработка со Шведските демократи.

Кристерсон, како што е највавено, утре треба да го објави списокот на министри, по што ќе следи средба со кралот, по повод неговото официјално именување. Елизабет Свантесон, која беше портпарол на Умерената партија за економска политика во последните пет години, се очекува да стане следниот министер за финансии.

Една од првите задачи на владата на Кристерсон е да се договори за плановите за трошење за 2023 година, во време кога домаќинствата се притиснати од растот на цените, а одговорот на централната банка на инфлацијата е зголемување на трошоците за должници. Тоа нашироко се гледа дека води кон рецесија, при што Риксбанк во моментов проектира намалување на бруто домашниот производ за 0,7 отсто следната година, наведува Блумберг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.