Според информации кои брифираат од текот на средбата партиите се далеку од решение

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 јули, 2018 16:51

Лидерската заврши! Договор нема! Ќе следат продолженија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерската средба на четирите најголемите политички партии во Македонија кои воедно и имаат членови во Државната изборна комисија за денес заврши. Претседателите на СДСМ – ВМРО – ДПМНЕ – ДУИ и крилото на БЕСА на Касами го напуштија Клубот на пратениците.

Според она што можеше да се слушне од Билал Касами кој прв ја напушти средбата партиите се далеку од договор притоа потенцирајќи дека според БЕСА Македонија се соочува со политичка криза која може сериозно да ги загрози ЕУ интеграциите воедно посочувајќи дека БЕСА е за правно формирање на Државната изборна комисија – огранизирање на успешен Референдум по кој Македонија би станала членка на ЕУ.

Али Ахмети беше резервиран па кратко изјави дека процесот на преговори е во тек и тој не е завршен но дека ќе продолжи и во деновите кои следат но внимателно за да не се пропушти историската шанса која и е дадена на земјата.

Зоран Заев изјави дека деновите се броени и дека само прашање на време е кога ќе се постигне договор за Државната изборна комисија и Референдумот и дека ако за нешто има согласност од сите тоа е дека на Македонија местото и е во ЕУ и НАТО. Во негов стил ги избегна прашањата за тоа што денес се разговарало затоа што можело да наштети на самиот процес но не заборави да повтори дека решение очекува веќе на следната средба.

Христијан Мицкоски го повтори ставот дека за вакви прашања не е можно да се формулираат двосмислени прашања со што би се почитувале и граѓаните но и Законите и Уставот на Република Македонија. Како и Заев и Мицкоски истакна дека дел од прашањата кои биле ставени на маса имале одговор не како и претседателот на СДСМ не сакаше да каже повеќе датали кои прашања биле разгледани.

Нема информации за кога е закажано продолжението на средбата а дел од провладините медиуми пред средбата објавија информација дека претседателот на ВМРО – ДПМНЕ пред да ја напушти вчерашната лидерска средба побарал на денешната како претставник од албанскиот опозициски блок да присуствува Зијадин Села од Алијанса за Албанците но Касами реагирал со фактот што неговата партија има место за член во Државната изборна комисија а не партијата на Села.

Но и информацијата дека помалите политички партии уште вчера се понудиле да ја напуштат лидерската средба но дека Мицкоски инсистирал тој да си замине како и дека посочил оти нема да повика на бојкот ако прашањето на Референдумот е коректно затоа што и ВМРО – ДПМНЕ ги почитува вистинските ЕУ и НАТО вредности.

Интересен момент за политиколозите беше и фактот што за време на паузата претставниците на ВМРО – ДПМНЕ беа сами додека претставниците на БЕСА беа на иста маса со ДУИ и СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.