Вчера, уште во текот на разговорите, партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ брифираа дека копјата се кршат околу напуштањето на механизмите за контрола на обвинителството. Власта ги гуши преговорите, очигледно не сака договор, преговорите се вртат во круг. Преговарачкиот тим на власта разговорите ги враќа на прашања кои се сметале за затворени. Очигледно е дека власта не сака договор, брифираат партиски извори.

Објавил: Весна Петровска | 11 септември, 2019 8:36

ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА НЕ УСПЕА!Милошоски: Можеби договорот ќе успееш доколку Заев не беше нервозен

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Повеќе од 7 часа траеше синоќешната средба на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски и нивните тимови за измените во Законот за јавното обвинителство. Пред средбата сите беа оптимисти, но договор нема. Нема ни инфомација дали е закажана уште една средба.

 

На синоќешната средба тимот на СДСМ предложил да се формираат две обвинителства – обвинителство за висока корупција и да ги гони именуваните функционери, а шефот на ова обвинителство да го предлага опозицијата и Обвинителството за гонење наорганизиран криминал останува. Ова за ВМРО-ДПМНЕ било неприфатливо.

Во новото обвинителство, било предложено, да влезат сите обвинители од СЈО. Предлогот на Заев значи и тоа дека ова ново обвинителство би требало да почне да функционира по парламентарните избори, а тоа значи дека случајот „Рекет“ останува во надлежност на Вилма Русковска од Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Aнтонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и еден од учесниците на вчерашните разговори, на својот фејсбук-профил напиша дека „договор за нов закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше токолу нервозен во врска со предметот „Рекет”, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска. Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во „Рекет” е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева“, напиша Милошоски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата се огласи на својот Фесјбук профил

Вчера, уште во текот на разговорите, партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ брифираа дека копјата се кршат околу напуштањето на механизмите за контрола на обвинителството. Власта ги гуши преговорите, очигледно не сака договор, преговорите се вртат во круг. Преговарачкиот тим на власта разговорите ги враќа на прашања кои се сметале за затворени. Очигледно е дека власта не сака договор, брифираат партиски извори.

Од брифинзите на високи претставници на СДСМ се дознава дека Мицкоски побарал предистрагите, истрагите и обвиненијата поведени по 30 јуни 2017 година да запрат како услов за ВМРО-ДПМНЕ да гласа за законот. За Заев и министерката за правда Рената Дескоска ова било неприфатливо затоа што расветлувањето на предметите на СЈО се услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ за Македонија.

Немаме информации дали на лидерската средба се разговарало и за предвремени парламентарни избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести