Од листата поканети се гледа дека Заев и Ахмети сакаат поголема инволвираност за подобра легитимност

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 јули, 2018 14:01

Лидерска средба или “Ивкова слава”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерската средба која е закажана за денес со почеток во 18 часот во Клубот на пратениците по објавата на имињата на поканетите повеќе доби на иронија отколку оправдана логика. Имено Заев одлучил на средбата да бидат поканети претставници на сите парламентарно застапени политички партии кои имаат повеќе од еден пратеник а протоколот би подразбирал учество на 1+1 поточно претседателот на политичката партија и претставник.

На средбата поканети се по 2 претставници на ВМРО – ДПМНЕ  [ Христијан Мицкоски ] – ДУИ [ Али Ахмети ] – двете крила на БЕСА [ Билал Касами и Африм Гаши ] – ДПА [ Мендух Тачи ] – ДОМ [ Лилјана Поповска ] – Алијанса за Албанците [ Зијадин Села ] – ЛДП [ Горан Милевски ] – НСДП [ Тито Петковски ] – СПМ [ Љубисав Иванов – Ѕинго ] и секако СДСМ [ Зоран Заев ].

Со ова се отвораат шпекулаците дали станува збор за нова пракса со оглед на темата која Заев ја стави на дневен ред или се работи за манипулативен процес со кој ќе сака да се прикаже поголема инволвираност за добивање подобра легитимност?

Она што не е јасно е зошто не се поканети претставници од пратеничката група на независни т.н. граѓански пратеници која брои над пет члена и зошто нив ги нема на списокот?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика