Лила беше во автомобилот заедно со првоосомничениот Бојан Јовановски, кога беше уапсен на граничниот премин „Богородица“.

Објавил: admin@magazin | 2 септември, 2019 15:56

ЛИЛА: “БОКИ 13 е карактер кој што го имаат само родените лидери и луѓе кои се створени за големи дела”

Фото/Текст извор: ©женски магазин

Познатата ТВ-водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска утрово пристигна во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, откако беше повикана на распит за случајот „Рекет“.

Лила беше во автомобилот заедно со првоосомничениот Бојан Јовановски, кога беше уапсен на граничниот премин „Богородица“.
Другарството на Лила и Боки датира уште од времето кога поранешниот шоумен се пробиваше во естрадниот свет со манифестацијата „13-ка за најуспешните“.

Таа беше една од ретките јавни личности која му даде безрезервна поддршка на Јовановски и во документарниот филм што тој самиот си го нарача.

Другарството на Лила и Боки датира уште од времето кога поранешниот шоумен се пробиваше во естрадниот свет со манифестацијата „13-ка за најуспешните“. 

– Тој е еден карактер којшто веројатно го имаат само родените лидери и луѓе кои се створени за големи дела. Боки е дефинитивно еден од нив – раскажа Филиповска во документарецот во кој Јовановски е претставен како „гласноговорник во борбата за човекови права, голем противник на дискриминацијата во секој поглед, храбар критикувач на политичко-општествените случувања и скромен хуманист“.

Нивни заеднички пријатели кои не сакаа јавно да зборуваат, велат дека тие имале искрен однос и неверојатно блиска комуникација, особено по периодот кога одлучиле да му дадат втора шанса на пријателството, откако со години не зборувале поради еден конфликт за кој пред четири години пишуваа и медиумите.

Неразделни стануваат во времето кога Јовановски се промовира во прв човек на Меѓународната асоцијација за човекова и социјална заштита. Оттогаш и пошироката јавност има можност да сведочи за нивниот близок однос.

Луксузни патувања, концерти, скапи брендови е тоа што ги поврзува. Речиси секогаш во нивно друштво е и стилистот Сергеј Варошлија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.