Таа додава дека е злоупотребено нејзиното име, без притоа никој да ја праша за нејзината страна од приказната.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 февруари, 2020 13:52

КОЈ ЛАЖЕ? ФИЛИПОВСКА- Парите се вратени, ова е хајка против мене – го згазивте мојот углед и чест

Фото/Текст извор: ©фокус

Водителката Лила Филиповска демантира дека учествувала во измама на градежната фирма „Дан-Мак“, од каде што обвинуваат дека им биле земени 250.000 евра за наводно учество во ЕУ проекти за изградба на домови на стари лица, објави Фокус.

Порталот МКД.мк објави изјави од наводно измамената Ена Норнилд, косопственичка на градежната компанија, која посочува дека пред две години поднела кривична пријава против Бојан Јовановски и Филиповска, а која според неа, била заборавена во некоја обвинителска фиока.

Лила Филиповска за „Фокус“ појаснува дека изминатиот период се води хајка против неа, со што и е нанесена огромна штета, поради валкање на нејзиното име и чест.

-Ноторна лага е тоа што го кажува госпоѓата, чие име и не сакам да го изговорам. Оваа хајка против мене трае веќе подолг период, со објавување на неточни и половични информации.

Вистината е дека парите се вратени, за што доказ се и уплатниците кои ви ги доставивме. Во моментот се води граѓанска постапка, која е при крај, а која не треба да биде во интерес на јавноста, но очигледно е дека намерата е да се згази по мојата чест и углед, вели Филиповска.

-Ноторна лага е тоа што го кажува госпоѓата, чие име и не сакам да го изговорам. Оваа хајка против мене трае веќе подолг период, со објавување на неточни и половични информации.

Таа додава дека е злоупотребено нејзиното име, без притоа никој да ја праша за нејзината страна од приказната.

-Ова е крајно непрофесионален и некоректен однос од новинарите, кои не побараа моја изјава. Дотичната пак продолжува да ги злоупотребува медиумите и социјалните мрежи, наместо да остави судот да покаже кој е во право. Затоа моите адвокати ќе поднесат соодветни поднесоци за лажните искази, како и за нарушувањето на мојата чест и углед, вели Филиповска.

И нејзиниот адвокат, Валентин Пепељугоски, вели дека парите се целосно вратени.

-Од компанијата „Дан-Мак“ даваат лажна изјава дека не им се вратени парите, што не е точно, за што постои и материјален доказ. Зборуваат и за некаква изгубена добивка, што исто така е неосновано, бидејќи таа следувала само ако се реализира договорот. Инаку, поднесовме три кривични пријави за компанијата, нотарот и извршителот, а водиме и граѓанска парница за времена мерка за извршување, бидејќи од сметката на Филиповска веќе е одземен одреден износ, ни изјави адвокатот Пепељуговски.

„Фокус“ побара одговор и од обвинителството, од каде што демантираат дека предметот се чувал во фиока.

-Кривичната пријава најпрвин била отфрлена, а по жалба до Вишото обвинителство, биле дадени насоки да се извршат дополнителни проверки. Утврдено е дека парите се вратени, за што се доставени и уплатници, велат од Обвинителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...