На протестот беа истакнати транспаренти на кои напишаа дека бараат одржување на предвремени парламентарни избори.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 јануари, 2019 14:08

Лозарите повеќе не можат да издржат. Закани со блокади низ Тиквешијата

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Лозарите од Тиквешијата денеска на плоштадот во Кавадарци одржаа мирен протест . Ги искажаа своите барања да им се исплати грозјето предадено во 2015 и 2016 година во „Стефани винарија“ и „Повардарие“. Ако нивните барања не бидат исполнети до 10 февруари ќе се организираат блокади низ Тиквешијата.

На протестот што се случи денеска, беа истакнати транспаренти на кои напишаа дека тие бараат одржување на предвремени парламентарни избори. Денеска беше побарана откупна цена од 17,5 денари за килограм смедеревка и 18,5 денари за вранецот.

До министерството за земјоделство здружението „Напредни лозари“ веќе има доставено предлог да се формира фонд за исплата на грозјето. 30 милиони евра се доволни за да се покрие лозарското производство, објаснуваат предлагачите.

„Лозарите повеќе не можат да издржат. Доколку не се исполнат барањата, лозарите ќе бидат приморани да организираат масовни протести. За „Стефани вианрија“ ситуацијата е многу тешка. Влезена е во стечај. За сите ќе има пари освен за лозарите. Во „Повардарие“ работите се малку подобри. Бараме владата да превземе конечни мерки и да си ги добиеме парите“ рече претседателот на регионалното здружение „Напредни лозари“.

„Визбите мора да имаат склучено договор со тој фонд, по што ќе добијат лиценца за откуп. Само така белешката за откуп ќе биде хартија со вредност. Визбите нема да смеат да го стааат грозјето под хипотека додека не го исплатат откупеното грозје. Со тоа ќе се стави крај на ненавременото исплаќање“ рече Зоран Пешов, лозар од Кавадарци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...