Во текот на изминатите неколку дена, слики од празни полици и фрижидери го обиколија светот, а сега истата ситуација се повторува и во Велика Британија, поточно во Лондон.

Објавил: Перо Милчин | 20 март, 2020 14:08

ЛУДИЛО ВО ЛОНДОН: Граѓаните ги опустошија продавниците поради КОРОНА

Фото/Текст извор: ©kurir.rs магазин.мк

Сведоци сме дека во сите земји каде има случаи на инфекција со коронавирус, граѓаните брзаат кон продавници и празни рафтови поради пандемијата на вирусот корона.

Во текот на изминатите неколку дена, слики од празни полици и фрижидери го обиколија светот, а сега истата ситуација се повторува и во Велика Британија, поточно во Лондон.

На оваа фотографија, направена во една од продавниците во Лондон, може да се видат рафтови кои се скроз празни. Клиентите собрале се, до последните намирници, па може да се каже дека буквално ги уништиле продавниците.

Пакетите во супермаркетите низ целата земја се испразнети. Граѓаните собраа сè, од производи за хигиена до овошје, зеленчук, месо, лименки, тестенини и други производи.

Во Велика Британија, над 3.000 луѓе се заразени со вирусот корона, со број на жртви од 114.

Денеска Владата на Шпанија донесе одлука за затворање на сите хотели и хостели во земјата, во обид да го запре ширењето на коронавирусот, од кој досега во таа земја починаа 1002 граѓани, а 19.980 се заразени. Затворањето на хотелите ќе биде нов удар за економијата, зависна од туризмот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...