Бројот на заразени лица во САД надмина 500.000, а бројот на починати е - 18.000.

Објавил: Перо Милчин | 11 април, 2020 20:33

ЛУДИЛО ВО САД: Бараат Кина да им исплати 1.200 милијарди долари оштета за КОРОНА ВИРУСОТ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот сенатор Линдзи Грахам изјави дека Кина е одговорна за умирање на Американците од короната на вирусот и за зголемување на невработеноста во неговата земја.

Тој за „Фокс њуз“ изјави дека пандемијата започнала по вина на кинеската влада и дека светот „веќе се соочи со трета болест која доаѓа од Кина“.

Тој исто така рече дека Вашингтон треба „да ја принуди Кина да го промени своето однесување“.

Американскиот сенатор Линдзи Грахам изјави дека Кина е одговорна за умирање на Американците од короната на вирусот и за зголемување на невработеноста во неговата земја.

Тој иницираше дека Соединетите држави утврдуваат колкава штета им нанел вирусот корона, информер,рс.

– Така треба да се направи. Тие треба да ни плаќаат, а не ние!

Според него, Кина треба да биде казнета толку силно што ќе го задуши нејзиниот развој во наредните децении.

Тој вели дека Пекинг поседува Американски државни хартии од вредност 1,2237 трилиони американски долари!

Греам всушност предлага Вашингтон да објави дека не должи ништо на Кина заради „кинеската епидемија“ и дека сака да им плати на САД дополнителен надомест.

Бројот на заразени лица во САД надмина 500.000, а бројот на починати е – 18.000.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.