Тој додаде дека околу 1,2 милиони луѓе се планира да се вакцинираат во Белорусија на пролет.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 декември, 2020 21:55

ЛУКАШЕНКО: Нема да се вакцинирам, јас сум еден од оние скептици

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека нема да биде вакциниран против коронавирусот.

Јас сум еден од тие скептици. Јас веќе му реков на министерот за здравство, дека нема да бидам вакциниран“, рече Лукашенко за време на разговорот со вработените во Градската клиника за детски инфективни болести во Минск.

Тој додаде дека околу 1,2 милиони луѓе се планира да се вакцинираат во Белорусија на пролет.

Можеби ќе се вакцинираат два милиони, во зависност од тоа како луѓето ќе одговорат”, додаде тој.

Претходно, министерот за здравство на Белорусија, Дмитриј Пиневич изјави дека Министерството издало потврда за регистрација на руската вакцина против корона вирусот „Спутник“, по што ќе биде можно да се користи во Белорусија.

Според министерот, масовната вакцинација против вирусот корона во земјата ќе започне во јануари следната година, а ќе се користат и странски вакцини што сега се купуваат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.