„Сепак, сметаме дека ова е силен аргумент дека Белорусија успеа како држава, која има политичка тежина и сериозен економски потенцијал“, рече Лукашенко.

Објавил: Перо Милчин | 14 ноември, 2020 17:35

Лукашенко обвини: Короната е само изговор за глобалните сили да го прераспределат светот како што им одговара!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека вирусот корона е димна завеса зад која глобалните играчи се обидуваат да го прераспределат светот.

„Вирусот Корона е само изговор, завеса зад која глобалните актери се обидуваат да го прераспределат светот по своја волја“, рече Лукашенко во интервју за претставници на медиумите од Белорусија и околните земји, пренесува БелТА.

Тој додаде дека е јасно дека тие имаат и планови за постсоветскиот простор, вклучително и Белорусија, што, како што оцени, е парадоксално.

„Сепак, сметаме дека ова е силен аргумент дека Белорусија успеа како држава, која има политичка тежина и сериозен економски потенцијал“, рече Лукашенко.

Според податоците на СЗО, вкупниот број на заразени во светот од почетокот на пандемијата со тоа достигнал 52,48 милиони, а починале вкупно 1,29 милиони луѓе.

Претходно најголемиот дневен раст на бројот на новозаразени во светот е забележан на 7 ноември, кога се регистирани 613.977 нови случаи, пренесе „ТАСС“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.