Објавено е и видео на кое се гледа дека Лукашенко излегува од хеликоптер со митралез во рацете, придружуван од припадници на армијата, пренесе Спутник.

Објавил: Перо Милчин | 23 август, 2020 20:38

Лукашенко со калашњиков во раце пристигна со хеликоптер: Десетици илјади демонстранти на протестот пред резиденцијата!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs / Sputnjik, Foto: Twitter video prtscr / RIA Novosti магазин.мк

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко пристигна со хеликоптер во неговата резиденција во Минск, пред кој се одржува протест на опозицијата, вооружен со автоматска пушка „калашњиков“ и со заштитен оклоп, јави ТАСС.

„Претседателот Лукашенко пристигна на лице место пред еден час, во Палатата, се наведува во соопштението објавена на телеграмскиот канал.

Објавено е и видео на кое се гледа дека Лукашенко излегува од хеликоптер со калашњиков во рацете, придружуван од припадници на армијата, пренесе Спутник.

Претходно беше објавено дека опозицијата по завршувањето на протестот на плоштадот Независност се движеше кон претседателската резиденција.

Десетици илјади демонстранти се собраа на улиците во Минск денес, додека армијата предупредуваше дека ќе одговори на какви било немири на опозицијата во близина на државните обележја во градот.

Демонстрантите кои протестираат од 9 август, носеа црвено-бели знамиња што го симболизираат нивното спротивставување на претседателот Александар Лукашенко, барајќи тој да си поднесе оставка по 26 години на власт, обвинувајќи го за фалсификување на изборните резултати, пренесува Ројтерс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани