Според документите најголем дел од 212-те илјади евра или речиси 180.000 евра ќе завршат за канцелариски мебел, маси, комоди, закачалки, конференциска говорница.

Објавил: Перо Милчин | 28 јануари, 2019 10:14

ЛУКСУЗ : Купени фотељи од природна телешка кожа за директорите од МЕПСО

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Државната компанија МЕПСО потрошила неверојатни 212.000 евра за мебел. Директорите во МЕПСО обожаваат да седат во фотелји со природна телешка кожа.

Цените на кожните директорски фотелји се движат во различни цени. Во најскапата фотеља од 500 евра ќе седи генералниот директор Сашо Василевски. 5 фотелји од природна кожа се набавени за неговата канцеларија за кои МЕПСО ќе плати 2.500 евра.

МЕПСО пред околу десетина дена склучил голем договор со „Леснина Ми“ при кои што покрај директорските фотелји набавува и кујни, гарнитури, гардеробери, полици за новата зграда.

 Во нови кожни фотелји ќе седи и секретарката на генералниот директор, за чија канцеларија се набавени 6 фотељи.

Од МЕПСО не одговорија дали 212.000 евра за мебел им се неопходност или станува збор за луксуз. Документите во најголем дел од 212-те илјади евра или речиси 180.000 евра ќе завршат за канцелариски мебел, маси, комоди, закачалки, конференциска говорница. Освен директорски МЕПСО набавува и други фотелји, а вредноста на целата на набавка за фотелји изнесува 25.000 евра.

Најскап мебел во последните години според податоците за јавни набавки се опремила државната компанија ЕЛЕМ. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести