Жива музика, играње на маси и прегрнување – ова го затекнале инспекторите на терен во текот на вчерашниот ден по отворањето на угостителските објекти!

Објавил: Владо Марин | 29 мај, 2020 16:39

ЛУМПУВАЊЕ И ЧОЧЕК НА МАСА: Жива музика и играње на маси затекнале инспекторите во кафеаните

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Жива музика, играње на маса, гушкање. Ова го затекнале пазарните инспектори синоќа, додека вршеле контроли во угостителските објекти кои од вчера почнаа со работа.Свеста на граѓаните и на угостителите е на крајно ниско ниво, вели директорот на Пазарниот инспекторат!

Жива музика, играње на маси и прегрнување – ова го затекнале инспекторите на терен во текот на вчерашниот ден по отворањето на угостителските објекти, објави 360 степени!

Директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски на денешната прес-конференција рече дека е разочаран што угостителите и гостите затекнати во објектите покажале особено ниска свест и непочитување на владините протоколи. Од денеска најави дека ќе следуваат казни и засилени инспекции и за време на викендите.

„Свеста на граѓаните и на угостителите е на крајно ниско ниво. Затекнавме жива музика, качени гости на маси, прегрнати. Кога инспекторите ќе влезеа во локалите, газдите им велеа: ‘Едуцирајте нѐ и напуштете го објектот’. Не се почитуваат сите точки од протоколот, не само некои. Совеста затаи и затоа најавувам дека од денес секој ден и во сабота и недела, од утро до вечер, ќе бидеме на терен и ќе казнуваме“, изјави Пауновски.

Тој апелираше пртоколите да се почтиуваат.

– Апелирам и дека голем дел од точките се применливи, се работи за здрвјето на граѓаните. Наместо да се намалува бројот на заболени, единствено кај нас има зголемување. Затоа, апел до сите угосители, инспекторите се на терен, ќе бидат и викендов и навечер. За секое нарушување ќе постапуваат и со казнени мерки. Од нас сите зависи дали со мерките ќе излеземе од корона-состојбата или сами ќе бараме повторно, за жал, да се воведат поригорозни мерки, потенцира директорот на Инспекторатот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести