Вкусен рецепт лута зелка со тестенини!

Објавил: admin@magazin | 21 септември, 2022 4:39

ЛУТА ЗЕЛКА СО ТЕСТЕНИНИ: Ручек кој го забрзува метаболизмот!

Фото/Текст извор: ©готви.мк

Направете промена во дневното мени, подгответе зачинета и лута зелка со тестенини.

Расолот или кисела зелка е во широка употреба во текот на зимските месеци. Од него се приготвуваат разни традиционални јадења како сарма и подварок, а може да се користи и за салата. Расолницата како нус-производ од расол, има своја употреба.

Зелката, со просечна потрошувачка од 37,5 кг по домаќинство, е 4 зеленчук според употребата во Македонија во 2017 година. Добар дел од ова е за подготовка на расол.

Состојки:

250 гр флекици (тестенини)
1/2 главица кисела зелка
масло
бибер
1 лажичка лута пипер

Начин на подготовка:

Зелката исечкајте ја на резанки па испржете ја и додајте бибер и лута пипер.

Тестенините згответе ги, па процедете ги и измешајте ги со пржена зелка. Послужете топло.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.