Цела Преспа е во пламен, гореше кај Отешево и Сирхан

Објавил: admin@magazin | 30 март, 2019 8:03

Луѓето спасуваа „жива глава“, Саса и Преспанскиот регион во огнен обрач

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Од вчера вечер почна евакуација на жителите на селото Саса кое беше буквално во огнен обрач, а Македонска Каменица се мобилизира со сите расположливи средства за гаснење на големиот пожар кој ги зафати домовите на жителите од маало Аџии и Траканица.

Побарана е помош од сите центри и координативни тела за управување на кризи на регионално и национално ниво, а екипи се на терен и во текот на ноќта.

Во гасењето на пожарите се вклучени пожарникарите од противпожарната единица во Ресен со сите пет возила со кои располагаат, вели Гошаревски. Во гасењето учествувале и противпожарните единици од Битола и Охрид.

Страшниот пожар во село Саса не престанува. Според информации од терен се евакуираат луѓето кои живеат во близина на маалата Траканица и Аџиите. Ангажирани се голем број на човечки и технички ресурси како од Македонска Каменица така и соседните градови. Се поизвесно е дека во утринските часови неминовна ќе биде потребна интервенција од авионско гаснење. Фотографиите се од самото место каде се гасне пожарот во Саса, пишува Каменица.мк.

Во гаснењето на пожарот во текот на целиот ден биле ангажирани екипи на ТППЕ од Македонска Каменица и регионот, екипи на Македонски шуми и на Шумска полиција.

Луѓето се евакуираат и земаат она што може да се понесе и спаси пред стихијата.

Голем пожар вчера вечер го зафати Преспанскиот регион, во делот кај туристичките населби Отешево и Сирхан, како и дел од Националниот парк Галичица. Досега пожарот зафати околу 300 хектари шума, а пожарникарите и вработени од Националниот парк се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот и да ја заштитат викенд населбата кај Сирхан.

„Цела Преспа е во пламен. Гореше кај Отешево, Сирхан, прво трската околу езерото, а потоа ветерот го префрли огнот преку асфалтираниот пат и ја зафати шумата. Се движи кон Националниот парк Галичица. Немаме струја, се запали и далековод“, раскажува сопственик на вила во Сирхан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести