Секој го почитува твоето право да зборуваш, но ретко кој го почитува твоето право да молчиш!

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 28 февруари, 2020 11:31

Луѓе, ве принудуваат да зборувате!

Фото/Текст извор: ©магазин

Една од најупотребуваните фрази во образованието, медиумите, па и во колоквијалниот контекст е: -Имам право да искажам свое мислење или – Имам загарантирано човеково право и слобода на говор. Човекот е суштество кое има потреба да се изразува и говори. Изразот и говорот се дел од неговата потреба од уметност, но и од комуникација со другите луѓе. Човекот се изразува и тогаш кога сака да ја покаже или наметне својата личност, тогаш кога сака да пренесе порака или предизвика промена кај соговорителот. Постојат различни мотиви на говор, но понекогаш постојат и мотиви да се избегне говорот.

Реалната улога на медиумите во современиот свет е да ги репрезентираат епистемолошките јадра пред институциите на државата, а не обратно како што вели дефиницијата.

Се чини дека современиот начин на живот и општествено функционирање придонесува за тоа да се уважи говорот не само како најсилна потреба на човекот, туку и му наметнува обврска да говори. Франускиот постмодерен филозоф говори за државата како паноптикум или центар кој ги собира сите механизми на контрола. Државата и институциите, вели тој, имаат потреба да знаат и тоа што повеќе за вас. Тоа секако има позитивни ефекти, како на пример безбедносни, но и негативни ефекти, како на пример контролни. Државата се занимава и со работи со кои треба да се занимава, но и со работи кои се сосема персонални, приватни и ирелевантни. Таа има толку голема моќ што дури прави корупција и во епистемолошкото јадро. Епистемолошкото јадро го опфаќа начинот на кој луѓето размислуваат, творат, комуницираат, перципираат и сл. Со самото тоа, ние немаме личен или посебен став околу нешто, туку сме само единица која се вбројува или застапува едно епистемолошко јадро. Медиумите и образованието имаат голема моќ во одржување на епистемолошките јадра и тие немаат намера да создадат мислители, туку имаат намера да создадат полтрони и послушници.

Што во превод значи правото на говор?

Правото на говор значи дека се напушта тоталитаристичкиот метод на принуда да говорите ако сте осомничен дека сте „шљапале многу против владетелот“, туку се наметнува дискурсот за право на говор. Така сите луѓе живеат во илузија дека правото на говор е привилегија која треба да ја користат, во суштина луѓето изразувајќи се, доброволно им даваат податоци за себе и испраќаат порака до државата која треба да ги контролира. Затоа за разлика од порано кога разознавачките служби оделе под прозорците на луѓето да ги прислушкуваат нивните разговори или, пак, чекале некој да го накодоши другиот што зборувал во кафана, денеска еден разузнавач има доволно достапни податоци и на личните фејсбук профили и разните писанија и јавни настапи.  

Илузија за слобода – во суштина доброволниот говор е доброволно корумпирање на сопствената слобода 

На тој начин ние живееме во илузија дека сме слободни, кога во суштина со користењето на правото на говор само ја корумпираме својата слобода и прашање на време е кога некому тоа нема да му се допадне и ќе станеме негова мета за ограничување на други права и слободи како на пример право на работа и вработување или право на слободно движење и сл. На некој начин институциите нè принудуваат да говориме, да имаме став околу сè, неуморно поставуваат прашања, во медиумите се прават граѓански анкети, се стимулира пишувањето на фејсбук статуси и сл. Сето тоа е начин на принуда на говор. За институциите денеска е поопасен оној кој молчи одошто оној кој говори па макар и со говор на омраза.

Не само на институционален план, туку и во колоквијален контекст, луѓето кои молчат и одбиваат да говорат обично се прави се да се активираат и да се демистифицираат

Се забележува дека кога ќе седнете во некое друштво и оној што најмалку зборува сите од време на време му поставуваат прашања, му се обраќаат со „кажи нешто“ или обидете се да молчите со вашите пријатели еден ден сите ќе ве прашаат „добро а што ти е денеска, зашто не зборуваш?“. Сите го почитуваат вашето право на говор, но никој не го почитува исто така вашето право да молчите. Затоа што луѓето сакаат да знаат за вас, сакаат да ве окупираат, да ве демистифицираат, да ве концептуализираат или да ве контролираат.

Размислете што, со кого, колку, како и дали воопшто треба да говорите!

Автор: Стојмановиќ Магдалена

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...