Прашањето кое се наметнува е зошто во 2014, полицијата и обвинителството на Република Македонија, не известиле дека има одредена пред истрага или истрага, или можеби пак завршена истрага, против лицата Зоран Заев

Објавил: Македонка Димкин | 25 јануари, 2020 22:05

МАГАЗИН: Зошто Рускоска е омилената обвинителка на Груевски и Заев?

Фото/Текст извор: ©магазин

Денес повторно како бомба одекна веста на весникот „ЛА ВЕРИТА„ Заев бил вмешан во купувањето на гласови уште пред изборите во 2014 година. Кој е заклучокот од последниот јавно објавен скандал од страна на  италијанскиот весник Ла верита?

»Прво, Македонската јавност скандалите и истрагите па дури и оние што биле водени со легални државни полциски посебни истражни мерки, не ги дознава од државните органи, тоа не е случај во 2014 година ниту пак во 2020 година, туку  истите ги дознава од странски медиуми.

Прашањето кое се поставува е зошто во 2014, полицијата и обвинителството на Република Македонија, не ја известија јаноста дека има одредена пред истрага или можеби пак завршена истрага, против лицата Зоран Заев неговиот брат Вице Заев како и директорот на комуналното претпријатие и близок другар на Заев, Зоран Георгиев?

»Второ зошто во 2018 година а како што тврди обвинителката Рускоска дека овој предмет го затворила обвинителството кое паатем се финансира од Македонските порезни обврзници, не известило дека по однос на спроведена истрага за одредени лица а за кои неморала да го открие нивниот идентитет е затворена поради немање на докази?

„Знаеме како Груевски избега од земјата“, тврди македонскиот премиер Зоран Заев во интервју објавено во германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг.
Верзии за начинот на кој поранешниот премиер избегал од земјата подолг период се вртат во политичките кулоари. Покрај најчесто спомнуваната – дека домот го напуштил скриен во багажникот на возилото, сѐ почесто се вртат шпекулации дека од Македонија излегол преку див премин во близина на Дебар, со соодветна домашна и странска логистика. Наводно, подоцна биле и утврдени и телефонски контакти на Груевски со странски државјани, кои му претходеле на бегството.
Заев за ФАЦ тврди дека ја знае траекторијата на движењето на Груевски во клучните часови на бегството од земјата.
„Со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен од земјата. Во Албанија го чекало унгарско дипломатско возило“, тврди премиерот. Додека тезата за криењето во багажникот е веќе извртена во јавноста, но не и потврдена од Обвинителството, за првпат еден носител на висока политичка функција во земјата излегува со тврдење и дека Груевски бил пречекан од унгарски дипломати уште на самата граница.

Одтука е очигледно дека овој случај скоро 6 години се чувал во строга тајност. Се чувал во строга тајност и од тогашниот премиер Никола Груевски а се чувал во строга тајност и од власта на Зоран Заев. Според логиката оној што имал цело време пристап до сите докази како и до сите прислушкувани материјали и смс пораки како и комуникациите на браќата Зоран и Вице Заев, Зоран Герогиев и сите други актери во случајот купопродажба на гласови за избори во Струмица, била токму обвинителката Вилма Рускоска.

» Факт: Обвинителката Рускоска, не е обвинителка од вчера туку е на висока позиција во обвинителството за организиран криминал и корупција уште од времето на Груевски. Актуелно е првиот човек во истото обвинителство за борба против организиран криминал и корупција во време кога на власт е Заев.

»Заклучок: Обвинителката Рускоска е обвинителка  за сите Македонски граѓани, но по однос  на Груевски и  Заев мораме да се согласиме со тезата, на „ЛА ВЕРИТА„ дека постоел или сеуште постои некаков двоен догвор помеѓу високите политичари Груевски и Заев да не си нанесуваат преголема штета за случаи за кои има индиции за криминал. Се пре за да можат да го исполнат тој договор им требал послушен обвинител. Затоа  нашето мислење е  додека Вилма Рускоска  била обвинител за сите граѓани на Македонија, во исто време Вилам Русковска успеала да биде многу добар адвокат  на Заев и Груевски.

»Совет до Рускоска: Сметаме дека би било многу добро госпоѓата Вилма Рускоска која што денес изјави дека не видела никаква евиденција за кривично дело и поткуп на гласови при изборите во 2014 година, за што пак може да се добие затворска казна од три, пет или повеќе години, ако нема такви докази, а таа тврди дека ако ги чуете целосните материјали ќе се уверите во тоа, тогаш нека биде одважно и нека ги направи достапни  нека ги декласифицира целосните материјали коишто се снимени од државните истражни органи со ПИМ мерки, а се водени помеѓу лицата Зоран, Заев, Вице Заев, Зоран Георгиев и нивните соработници од Струмица.

Расправата за законот за Јавното обвинителство која требаше да се одвива меѓу работните групи на власта и опозицијата, од зелена маса се сели на зелено поле. Ваквиот епилог станува се поизвесен откако вчера лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека „ниту прифаќа, ниту преговара за закон со кој ќе се амнестира криминал”. Неколку дена претходно, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, преку Фејсбук порача дека „на Заев не му одговара закон за Јавно обвинителство, меѓудругото, токму за да може да цвета бизнисот со марихуана и тоа да врви непроверено, а и неказнето”.
„Има многу причини зошто криминално-рекетарската банда на власт одбегнува професионален закон за Јавно обвинителство, но еве јас ќе се задржам на една. Никој од обвинителството во моментов не се занимава со бизнисот со марихуана, каде јавна тајна е дека семејството Заеви и ним блиски луѓе, се длабоко навлезени. Што би се рекло, тие го држат пазарот. Истовремено, неколку пати по ред во Собранието се турка закон за проширени овластувања во однос на бизнисот со марихуана каде личен интерес имаат Заеви. Да не заборавиме дека едно од лицата во Србија, Колувија, кој е бизнис партнер на човекот што го градеше ‘Глобал’, во соседната држава е уапсен за нелегално производство на марихуана”,

»Став: Во спротивно доколку тоа нема да го направи ние од Магазин.мк ќе останеме на ставот и како медиум ќе го делиме заклучокот на Италијанскиот Медиум „ЛА ВЕРИТА„  дека постои и сеуште важи некаков можеби индиректен премолчен договор помеѓу сега двајцата екс премиери Груевски и Заев. Во прилог на тоа ќе споменеме дека за возврат на фактот што Заев не бил гонет за сите можни  кривични прекршувања на законите во Република Македонија а од страна на власта на Груевски за возврат на тоа денес Заев од како е на власт покренува против Груевски и ги притиска обвинителите и судиите против Груевски да го почнат и брзо да го завршат само најбаналниот случај а кој што пак како таков би го оценил и секој студент од прва година на правниот факултет  а тоа беше случајот со набавката на блиндираниот мерцедес за државни потреби коешто возило беше и остана во сопственост на државата.

Претпоставуваме дека Вилма Рускоска добро го светувала Зааев и му кажала дека доколку Груевски биде осуден за такво дело пред јавноста Зае ќе може да добие бенефит дека ете конечно успеал да го осуди противникот Груевски за набавка на државно возило, додека пак од друга страна можеби го советувала дека со таквиот чекор и дело кое што е зановано на банални аргументи , Груевски ќе може во било која земја членка на ЕУ кои што имаат подобри и повисоки стандарди во правосудството да си побара и да си добие  азил, бидејки таквиот случај ќе биде третиран за политчки а не како правен случај. 

По објавената снимка во италијанскиот весник Ла Верита, насловен “Купопродажба на гласови во Македонија” се огласи и обвинителката Вилма Русковска која изјави дека објавените документи од италијанскиот весник „Ла Верита“ се дел од истрагата која се спроведувала во 2014 и 2015-та година.

»Теза: Со ова се поткрепува нашата теза дека Вилма Рускоска е еден добар клиентелист кој им служи на повеќе влади , како што служела на власта на Гргуевски, каде што воедно се прилагодувала на моќното влијание на Груевски и неговиот братучед Мијалков, така денес служи на власта на Заев и се прилагодува на сега веќе моќниот Зоран Заев и неговиот влијателен брат Вице Заев, и ние би биле крајно изненадени доколку Вилма Рускоска се осмели да покрене кривична постапка или обвинитлен актпротив Вице Заев, Зоран Заев или било кој од нивните блиски кои што беа спомнатаи во бомбата на „ЛА ВЕРИТА„.

Се додека обвинителството се однесува како слуга на властите наместо како слуга на правдата и на граѓаните на Република Македонија , не веруваме дека Македонија може да направи голем чекор напред кон Евроспката Унија и европските демократии и дека ќебиде признаена како земја која што негува демократија и има стандарди како земја што сака да стане членка на Европската Унија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...