Во моментот се врши проверка на лица кои допатувале од Италија. Екипа на епидемиолози врши увид на здравствената состојба на патниците од автобусот.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 7 март, 2020 15:59

МАГАЗИН ОБЈАВУВА ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ: Автобус на Табановце во карантин

Фото/Текст извор: ©магазин

Магазин дојде до ексклузивни фотографии од автобусот во кој во моментов се врши проверка на лица кои допатувале од Италија и се наоѓаат во карантин. На местото на настанот пристигнал тим од епидемиолози од „Центарот за јавно здравје“ – Куманово.

На фотографиите се забележуваат две лица во медицинска опрема, но не се целосно опремени за заштита од корона вирусот.

Автобусот е паркиран на границата „Табановце“ и во моментов се врши проверка на сите патници кои се враќаат од Италија, а најсомнителен е возачот кој пред неколку дена го возел автобусот со кој допатувале заразените сопружници од Дебар.

Согласно наводите на министерот за здравство Венко Филипче станува збор за ист возач кој пред неколку дена го возел автобусот во кој биле двајцата заразени со корона вирус што вчера беа детектирани во Дебар. 

Под сомнение дека возачот е во високоризична категорија бидејќи бил во контакт со заболените сопружници за кои вчера се потврди дека се заболени со корона вирусот, на граничниот премин Табановце е запрен автобус и се врши проверка на сите патници. 

Какви мерки ќе се преземат понатаму, останува да ја почекаме прес-конференцијата за медиуми на министерот за здравство – Венко Филипче. 

На денешната прес-конференција за медиуми Венко Филипче најави дека автобус кој ќе допатува од Италија денеска на граничниот премин „Табановце“ ќе биде ставен во карантин, а резултатите од тестирањата допрва се очекува да бидат соопштени од страна на „Центарот за јавно здравје“ до Министерство за Здравство прво, а потоа и на јавноста. 

Во моментот двајцата сопружници кои се заразени со корона вирусот се наоѓаат на Инфектвното одделение на Универзитетска клиника за Инфективни болести, нивната здравствена состојба е под контрола, но возраста ги прави да спаѓаат во ризичната категорија, – изјави Филипче. 

Исконтактирани се сите патници од автобусот со кој сопружниците допатувале на 27.02.2020 година од Италија и на голем број од нив веќе им е направен анкетен лист. За сите патници е предвидена домашна изолација, а ќе бидат посетувани од лекарски тим со цел да се следи нивната состојба и навремено да се детектира промена во здравствената состојба во случај да се заразени со корона вирусот. 

Во моментот патниците од автобусот кој е во карантин се сместени во посебни простории и се проверува нивната здравствена состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.