Според информациите на шефот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Дерил Осби, кој соопшти детали за несреќата неофицијално  причина за несреќата била намалена видливост и магла со превисока влажност на воздухот, а по ударот се случил силен пожар.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јануари, 2020 9:52

Магла и намалена видливост причина за уривање на хеликоптерот на Коби?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тим од 18 лица на Националната служба за безбедност на транспортот (НТСБ) денеска на местото на несреќата, бараа докази и ја пребарува црната кутија од хеликоптерот во кој вчера загина големата кошаркарска ѕвезда Коби Брајант.

Според информациите на шефот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Дерил Осби, кој соопшти детали за несреќата неофицијално  причина за несреќата била намалена видливост и магла со превисока влажност на воздухот, а по ударот се случил силен пожар.

Брајант и останатите осуммина жртви ги загубија животите кога приватниот хеликоптер на поранешниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс се срушил во Калабасас, Калифорнија.

Вчера полицијата во Лос Анџелес ја потврди информацијата за намалена видливост и од таму изјавија дека поради магла ги приземјила своите хеликоптери во текот на раните утрински часови до попладнето. Оттаму информираа дека до вакви трагични настани доаѓа кога видливоста е минимум до три километри а растојанието помеѓу облачниот масив и теренот е 243 метри.

Приватниот хеликоптер на Брајант се урна вчера пред 10 часот локално време во Калабасас, околу 50 километри северозападно од Лос Анџелес, Калифорнија.

Денеска беше соопштено дена не пет, туку девет лица се наоѓале во хеликоптерот и дека нема преживеани. 

Брајант и останатите патници патувале на младински кошаркарски турнир a pомеѓу нив биле и ќерката на Брајант, Џиана, бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса, која играла во ист тим со Џиана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.