Двајцата тенисери како да ги чуваа силите на стартот, во очекување на долга борба за титулата, па започнаа резервирано.

Објавил: admin@magazin | 14 јули, 2019 20:20

МАЕСТРО НОВАК ЃОКОВИЌ ГО СМАЧКА ФЕДЕРЕР ВО ФИНАЛЕТО НА ВИМБОЛДОН!

Фото/Текст извор: ©gol.mk

Новото маратонско финале на Вимблдон донесе победа за Новак Ѓоковиќ во дуелот со Роџер Федерер.

Како и пред пет години, победникот се решаваше по пет сета и одново со кренати раце мечот го заврши Србинот 3-2 (7-6/5, 1-6, 7-6/4, 4-6, 13-12)
Двајцата тенисери како да ги чуваа силите на стартот, во очекување на долга борба за титулата, па започнаа резервирано.

Тоа не донесе многу брејк шанси во првиот сет кој се реши преку тај-брејкот. Српскиот претставник покажа повеќе дисциплина во најбитните моменти и го зададе првиот удар во финалниот меч.

Двајцата тенисери како да ги чуваа силите на стартот, во очекување на долга борба за титулата, па започнаа резервирано.

Сосема неочекуван старт имаше вториот сет кој донесе два одземени сервиси од страна на швајцарскиот ас. Од тој момент бранителот на титулата како да се откажа и дозволи да го загуби сетот со убедливи 6-1.

Иста слика како и на почетокот донесе третиот сет. Одново Федерер и Ѓоковиќ сервираа сигурно и повторно стигнаа до 13-ти гем. И повторно Србинот беше поуспешен и застана на чекор од одбрана на титулата од минатата сезона.

По неколку пропуштени брејк шанси на првиот светски рекет, продолжението му припадна на тенисерот од Базел. Тој успеа одново двапати да го одземе сервисот на противникот и многу лесно се избори за петти и одлучувачки сет.

Ѓоковиќ прв направи разлика и со брејк поведе со 4-2, но Федерер возврати и не дозволи трофејот да му побегне од раце така лесно.

На крај повторно одлучуваа деталите, а најдобриот српски тенисер беше тој кој што беше поуспешен во тај-брејкот за конечна победа од 13-12.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис