По посетата на вилата, тој се упати кон плоштадот Македонија, но претходно ја посети спомен куќата на Мајка Тереза.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 мај, 2019 14:07

Мажот ме исфрли со бебе, чесните сестри ми дадоа дом: Самохрана мајка му ја раскажа тешката животна приказна на Папата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Папата Франциск, денеска е во Апостолска посета на Македонија.

Тој утринава во 8 часот пристигна на Аеродромот во Скопје, каде беше пречекан од државниот врв, и потоа оствари средба со претседателот Иванов во Вилата на Водно.

Пред спомен куќата на Мајка Тереза, самохрана мајка го отвори срцето пред Папата

По посетата на вилата, тој се упати кон плоштадот Македонија, но претходно ја посети спомен куќата на Мајка Тереза.

Како што објави Фокус, за време на посетата на спомен куќата на Мајка Тереза, една самохрана мајка на папата му ја раскажа својата тажна животна приказна. 

Таа е самохрана мајка на четири дечиња и на папата Франциск, му раскажа дека чесните сестри и помогнале, кога нејзиниот маж ја исфрлил од домот, со мало бебенце, без да ја прашаат на која вера и припаѓа.

Како што објави Фокус, младата жена го отворила срцето пред папата, и раскажала дека со штотуку роденото бебе била исфрлена на улица од сопствениот сопруг. Жената раскажа дека  останала сама со детето на улица, но тогаш во пресрет и излегле чесните сестри, кои ги примиле во нивниот дом и им пружиле достоен живот.

„Никогаш не ме прашаа дали сум православна, или која и да сум вера. Знаеја дека ми е потребна помош и ни помогнаа. Исто така, никогаш досега не побарале од мене да ја сменам верата, јас сум православна христијанка. Без разлика на мојата вера, тие се уште се тука за мене и за мојата ќерка. Ти благодарам Свети оче што ја посети нашата земја“, му се заблагодари граѓанка на папата Франциск.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести