Оваа комбинација е честа во струмичкиот крај, но повеќе како прилог, а како макало е типично за западните краеви каде се среќаваат преубави рецепти

Објавил: admin@magazin | 1 март, 2019 1:30

Макало од компир, суви пиперки и праз

Фото/Текст извор: ©Рохр рецепти

Можеби ова јадење е повеќе за во зима, но на многу луѓе им е убаво секогаш. Вкусно, посно јадење кое може да замени оброк. Има многу варијанти за многу рецепти.

Кој не сака посно, може да го јаде и со сирење. Оваа комбинација е честа во струмичкиот крај, но повеќе како прилог, а како макало е типично за западните краеви каде се среќаваат преубави рецепти кои за прв се видоа во групите за готвење.

Можете да го сервирате со Македонски грав или сирење. По ваша желба можете да додадете што ви душа сака.

Состојки
неколку компири
неколку суви пиперки
праз
сол
зејтин

Постапка
Компирите се варат и пасираат.
Сувите пиперки исто се варат.
Празот се сецка ситно и треба да се истолчи малку со сол.
Од сувите пиперки со лажиче се собира месото под лушпата и се толчи.
Компирите, празот и пиперките се мешаат, се ставаат зачини по желба.
Може да се додаде зејтин или да се угори и прелие смесата.
Одлично е како посно јадење, салата, мезе, прилог, како ви одговара, така.
Дотерајте си го на вкус, додајте по желба зачини, а ако сте од битолскиот крај, ќе знаете да го направите оригинално.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.