Активен сум во позадина бидејќи оценив дека пишувањето на статуси е исто како да земиш и со мазни кондури да трчаш по мраз.

Објавил: Перо Милчин | 1 декември, 2019 14:09

МАКЕДОНЕЦОТ БЕЛЕСКИ СО МОЌНА ПОРАКА: Актуелнава власт е збирштина од криминалци и хоштаплери!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот активист, бизнисмен и член на Македонскиот национален совет, Васко Белески на социјалните мрежи упати моќна порака во која вели дека актуелната власт е збирштина од криминалци и хоштаплери. Тој посочи дека иако животот е тежок за Македонецот, не треба да го живееме со наведната глава и со избришана историја.

Белески потенцираше дека неговата борба за Македонија заедно со многу други нема да се заснова на плукање на другите кои прават неправдини, туку неговата борба и борбата на Македонците ќе се заснова на знаење и концепција која ќе биде темел на подобриот живот, а со тоа ќе се зајакне и вербата на Македонецот.

Тој пишува дека дава мотивација на многу луѓе да се борат, да си го вратат Македонското достоинство, ако не за нас барем за идните поколенија Македонци, да се чувствуваат како прави Македонци слободни и борбени.

Според него во Македонија постојат две групи на луѓе. Едните кои се иселија поради неправдата и сиромаштијата, а додека пак другата група на луѓе се тие кои се добро интегрирани како ПРАТЕНИЦИ, ФУНКЦИОНЕРИ, ДИРЕКТОРИ И МНОГУ ДРУГИ, кои чекаат да победи едната или другата партија, за да се вработат за интерес на нивниот џеб.

Ви го пренесуваме во целост неговиот Фејсбук статус:

– Почитувани пријатели, следбеници, деновиве добив неколку пораки каде ме прашувате зошто ме нема на фб, и дека сум неактивен, дали тоа се уплашив од власта поради моето скорешно приведување.

Еве од прва рака ќе ви одговорам, да не сум активен на ФБ , НЕ не се уплашив од власта, всушност тоа за мене не е власт туку збирштина од криминалци и хохштаплери кои од ден за ден заглавуваат во лавиринтот кои сами си го изградија.

И трето ДА активен сум во позадина бидејќи оценив дека пишувањето на статуси е исто како да земиш и со мазни кондури да трчаш по мраз.

Во Македонија има две групи на луѓе, едните се тие кои се иселија од Македонија од неправдата, сиромаштијата или било која друга причина и на нив по никој основ неможеш да влијаеш со некакви си факти, додека пак другата се оние кои актуелно се добро интегрирани како пратеници, функционери, директори , државни административци, полицајци, сопственици на фирми, кои чекаат да победи едната или другата партија за да се вработат. 

Токму овие луге не може никако да се убедат ниту пак да се влијае на ниванта свест, бидејки се тие луѓе на кои Македонија им е помалку важна (да не речам сеедно) од нивниот интерес за својот џеб. Овој неприроден и антиортодоксен статус ќе владее со Македонија, се додека на власт не дојде политичар кој ќе го скине јазолот на оваа удобност, наречена „лепи плакати доби работа„

Животот е еден и тоа сите ние го знаме, но тоа не значи дека истиот треба да го живееме со наведната глава, без достоинство и со избришана историја.

ДА, ќе се бориме и колку тоа да звучи смешно и чудно, но ќе се бориме да си го вратиме достоинството, ако не за нас барем за идните поколенија Македонци.

И НЕ, мојата борба заедно со многу други нема да се заснова на плукање на другите кои и така ги однел ветрот, НЕ, нашата борба ќе се заснова со покажување на знаење и концепција која ќе биде и темел на подобриот живот, а со тоа и зајакнување на вербата во Македонецот.

ДА СТЕ МИ ЗДРАВИ И ЖИВИ И ГОСПОД ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ МАКЕДОНИЈА.

Васко Белески

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести