Мајкел е со македонско потекло и е на чекор да освои 1 милион долари

Објавил: admin@magazin | 8 септември, 2018 14:38

Македонецот кој со својот талент го освојува светот (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Дваесет и двегодишниот Мајкл Дамески, Македонец кој живеел во Австралија, синоќа стигна до финалето во познатото америкаснко шоу „World of Dance 2018“. Жирито, во кое е член е и светската ѕвезда Џенифер Лопез, и овојпат остана без зборови пред изведбата на талентираниот Дамески.

Наградата за победникот на ова шоу изнесува еден милион долари, а Дамески е само на чекор од неа.

Мајкл Дамески е роден на 7-ми ноември 1995 година во Сиднеј од родители Македонци, татко Пеце и мајка Неда Дамески. Уште од рана возраст на шест години учествува во натпревари за танцување без да посетува часови за тоа и се пласира во првите места.

Набргу го запишуваат на часови по танцување во школата за танцување на „Гленда Ји“, а од таму заминува во „Брент Студио“.

Дамески во 2008 година има учествувано и на „Златно Славејче“ со песната „Еден Танц“. Мајкл последниве три годни живее во Лос Анџелес, Калифорнија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Видео

Сите ја знаеме љубовната приказна од овој филм и сите стоиме на ставот дека би било поубаво кога крајот би бил поинаков. И бил поинаков, но во текот на монтажата бил исфрлен.

ОВА Е КРАЈОТ НА “ТИТАНИК” ШТО НИКОГАШ НЕ ГО ВИДОВМЕ(видео)

Филмот „Титаник“, проект на познатиот режисер Џејмс Камерон, бил озлогласен како...