Фил Наумоф, по потекло Македонец, од општински судија, вчера на изборите во САД избран за сојузен судија во државата Охајо за своето место, со огромна поддршка од заедницата

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 ноември, 2018 10:13

Македонецот Фил Наумоф избран за сојузен судија во САД

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во малото место Ричард Каунти, близу до градот Мејнсфилд, во сојузната држава Охајо, демократите слават победа одкако Фил Наумоф е избран за судија на вчера одржаните избори.

Наумоф е по потекло од Македонија, поточно неговиот дедо се има доселено во САД во 1921 година.

Иако Ручард Каунти е мало место, позицијата Сојузен судија на државата Охајо е највлијателна во судскиот систем, при што судијата има доживотен мандат а одлуките не се подложни на ревизија.

Наумоф ги победи своите ривали: републиканецот Ендру Кларк и независната кандидатка Кели Бандел, освојувајки притоа 51.7% од гласовите.

Медиуми јавуваат дека Наумоф заплакал од радост кога ги слушнал резултатите од изборите.

Ова е кулуминација на мојот американски сон, сите ќе бидете горди на мене, ве уверувам. – изјави Наумоф по дознавањето на резултатите.

Инаку тој работи во локалниот суд веќе 25 години, и на овие избори го замени претходниот судија Џејмс Де Вис, кој по 28 години мораше да замине во пензија.

Во САД сојузните судии имаат доживотен мандат, односно нивниот избор важи се додека не заминат во пензија, додека нивното место го завзема нов судија кој мандатот го добива на избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести