Со оваа победа Македонија, веројатно, го обезбеди четвртото место и ги остави зад себе Бахреин и Јапонија освен, се разбира, некој од нив не направи чудо против фаворитите.

Објавил: Македонка Димкин | 13 јануари, 2019 15:56

Македонија воскресна! „Смачкан„ Бахреин, Македонија е жива!

Фото/Текст извор: ©Sport1.mk / Magazin

Македонија се радува на победа и во вториот натпревар од Светското првенство во Германија и во Данска, против Бахреин, што автоматски значи дека по оваа прва фаза продолжуваме во Келн, освен ако не се случи чудо, Бахреин и Јапонија да добијат некој од фаворитите.

Го победивме Бахреин со 28-22, а клучниот чекор кон нови два бода го направивме во завршницата на првото полувреме. пишува македонскиот портал за спорт Sport1.mk За 11 минути примивме само еден гол, дадовме седум и се одлепивме на 12-8, дотогаш највисоки.

Одбраните и на двете репрезентации беа добри, голманите одлични и пресудуваа грешките, кои Бахреин ги имаше повеќе во финишот. Претходно и Македонија имаше критичен период од 11 минути без да постигне гол, меѓутоа Раул го реши со промена, со внесување на Филип Лазаров, дури и на Филип Чурлевски, со играње „7 на 6“ и тоа донесе убава предност на паузата.


Во вториот дел Чурлевски беше, речиси, стандарден, нападот доби течност, а за разновидност придонесе и нововлезениот Поповски, кој ја разигра и десната крилна позиција. Во одбраната продолжувме со цврста 6-0 зона, Бахреинците губеа концентрација во финишот и предноста на Македонија неизбежно растеше.


Македонската репрезентација извојува уште една успешна битка на СП во Германија и во Данска, овој пат пофизичка и поисцрпувачка. Особено тешко им беше на пивотите, Стоилов и Пешевски, но со кренати глави ја прославија победата. Стоилов, дури, не сакаше ќефот да му го расипе случајот со МТВ2 и рече дека нема што да коментира.

Во завршните 10 минути Раул се обиде да ги одмори првотимците, па им даде шанса на Митревски, Танкоски, Серафимов, Крстевски, а мечот се претвори во мала бркотница бидејќи Бахреин почна да игра без голман, па прими неколку погодоци на празна мрежа. На крај, повторно Кире Лазаров беше најефикасен со осум гола, по четири имаа Кузмановски и Манасков.

Со оваа победа Македонија, веројатно, го обезбеди четвртото место и ги остави зад себе Бахреин и Јапонија освен, се разбира, некој од нив не направи чудо против фаворитите.

Сепак, не се знае далиќе одиме во Келн како четвртопласирани, што значи би се бореле за позициите 13-16 или пак како една од селекциите на првите три места, кои ќе ја продолжат битката во топ-12, за што повисок пласман.

За тоа ни треба победа против Хрватска, Шпанија или против Исланд, а првата шанса ја имаме утре од 18 часот, против „коцкестите“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...