Викендов и цела наредна недела, маскималната температура во главниот град Скопје, ќе биде до 39 степени, со мала облачност и слаб до умерен североисточен ветер.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 август, 2019 10:57

Македонија во портокалова фаза- температури и до 41 степен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, а максималната температура ќе достигне и до до 41 степен. УВ индексот ќе биде висок и денеска и утре. Топлотниот бран од портокалова фаза што ја зафати целата држава ќе се задржи до четврток кога се очекува благо опаѓање на температурите.

Викендов и цела наредна недела, маскималната температура во главниот град Скопје, ќе биде до 39 степени, со мала облачност и слаб до умерен североисточен ветер.

Сончево и многу топло време се очекува да се задржи до среда.Во среда попладне и во четврток ќе има зголемена облачност и ќе има локален пороен дожд со грмежи и температурите од четврток малку ќе опаднат.

Македонија во портокалова фаза…

Целата недела ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури, а и индексот на УВ зрачење ќе биде особено висок.

Надлежните препорачуваат граѓаните да се заштитат од високите температури.

Од Службата за Итна медицинска помош во Скопје посочуваат дека зголемен е бројот на повици, а граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, притисок, вртоглавица, малаксаност, поспаност…

Министерството за здравство донесе препораки во кои се наведува да се ослободат од работните обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, што особено се однесува на градежните работници.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести