Македонија признена од ОН не се бори за заштита на своето уставно име и правото на самоопределување, но манифестира поддршки за територии кои правно не се држави

Објавил: Мартин Попоски | 21 ноември, 2018 10:42

Македонија гласала за прием на Косово во Интерпол

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Косово и по четвртиот обид не успеа да стане членка на Интерпол, со што би добила некакво признавање на својата независност како форма на држава која не е дел од Србија.

Она што ја тресе македонската политичка сцена е поддршката која Заев ја дал за прием на непризнаено Косово во оваа организација.

Имено Македонија гласала за прием на Косово во Интерпол.

Иако барањето на Приштина за членство во оваа светска полициска организација не помина ниту во првиот, ниту во вториот круг од гласањето, земјите од регионот речиси ја подржаа новата република која нема таков статус согласно Обединетите нации.

За прием гласаа Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Бугарија, додека против беа единствено Романија и Босна и Херцеговина. – информира официјален Белград.

Во вториот круг, за приемот гласаа 51 држави, против беа 68, а воздржани 16.

Ова е четврти, рекорден неуспешен обид на Косово да стане дел од Интерпол.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.