Во моментот Тамара води, и е на првото место на табелата. Сите Македонци стискаат палци и се горди на успехот кој го донесе Тамара на нашата земја. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 мај, 2019 0:41

Македонија горда на својата претставника: Тамара води на Евровизија-можна ли е победа?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 64 то издание на изборот за песна на Евровизија нашата претставничка Тамара Тодевска, настапи под реден број 8, по што изгледа дека навистина и носи среќа како што изјави непосредно пред финалната вечер.

Тамара води на овогодинешната Евровизија…

Во моментот Тамара води, и е на првото место на табелата. Сите Македонци стискаат палци и се горди на успехот кој го донесе Тамара на нашата земја. 

Ова за прв пат во историјата на Евровизија се случува, Македонија да биде цело време на врвот на табелата.

Тамара го сплоти Балканот и ги доби сите позитивни коментари од Европа.

Додека цела Европа се восхитуваше на нејзината изведба, ние стискаме палци и ја бодриме, а најчест коментар до сега за песната на Тамара е дека вакво нешто до сега и се нема случено на Македонија.

Тамара Тодевска буквално растури на евровизиската сцена. Моќно и женствено со нејзиниот ангелски глас, таа предизвика овации кај публиката, а кај нас предизвика возбуда и надеж за победа.

Македонската претставничка Тамара, уште еднаш покажа дека Македонија е достојна за ваква манифестација доминирајќи на сцената во Тел Авив. Таа ја пееше „Proud“ од срце а ние сме благодарни на неа што не претстави во најдобро светло. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести