Првиот медијатор за спорот со името, одамна пензионираниот Робин ОНил, излезе од "плакар" со променет став од пред 25 години, Македонија мора да е Северна дури и да не сака Грција

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2018 9:50

Македонија да го промени името иако Грција нема да го ратификува договорот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Првиот медијатор во спорот со името, именуван од Обединетите Нации, Робин ОНил, по 25 години го промени ставот. 

Робин ОНил, претходникот на Метју Нимиц за кој ретко може да се најде фотографија изјави дека договорот со Грција нуди чесно и логично решение на спорот за името кој се одолговлекуваше премногу долго.

Поранешниот медијатор за името, меѓу Македонија и Грција тврди дека е добро што македонскиот Парламент ја изгласа одлуката за уставните измени. 

Можеби најважната одредба е дека новото име „Република Северна Македонија“ го препознава идентитетот на републиката преку зачувување на името „Македонија”. Токму ова прашање доведе до неуспех на преговорите што ги водев во име на Европската заедница (сега Европската унија) во 1992 година. Македонија беше подготвена да го прифати името „Република Македонија (Скопје), но тогашната грчка влада одби да размислува за какво било име што го вклучува зборот Македонија. Не верував дека можам чесно да ја притискам Македонија да го прифати тоа барање од Грција. – изјави ОНил.

Меѓутоа ОНил навестува и дека постојат реални можности ако падне владата на Ципрас, Грција да не ја прифати спогодбата, при што смета дека Македонија сепак треба да биде Северна.

Договорот бара од Република Македонија да го заврши процесот на ратификација и да го дополни Уставот пред Грција да преземе мерки за нејзино ратификување. Поради тоа, Република Македонија има силен интерес за завршување на овие фази, додека сегашната грчка влада е на власт.

Мој силен совет е Република Македонија во секој случај да ги преземе неопходните мерки за промена на своето име во Република Северна Македонија, име кое го почитува македонскиот идентитет и логично во географска смисла. Република Северна Македонија потоа може да биде признаена од страна на Обединетите нации под тоа име, а на Грција ќе и биде тешко да се спротивстави на членството на Македонија во Европската унија и во НАТО. – изјави ОНил.

Во краткиот период додека беше прв медијатор за спорот со името, ОНил “пееше” друга дипломатска песна, па тогаш изјави:

Само една држава во светот, Грција, има забелешки на уставното име Република Македонија. Поради тоа јас не гледам причина зошто Македонија треба да го смени името. Грција треба да го прифати името Република Македонија – тоа се користи дваесет години и не и предизвикува никакви, ниту внатрешни, ниту надворешни проблеми на Грција. – изјави пред 25 години ОНил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести